Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Железничкиот сообраќај ќе се нормализира од полноќ
06.06.2017

Железничкиот сообраќај од ноќеска на полноќ ќе се нормализира откако претставниците на машинскиот персонал на МЖ Транспорт постигнаа договор за поставените барања вечерва на средба со ресорниот министер Горан Сугаревски и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Од Министерството за транспорт и врски и од Машинскиот персонал потврдија дека на средбата е договорено да се исполнат барањата за зголемување на додатоците на плата и на коефициентите за сложеност на работни места.

- Постигнавме договор за барањата и возовите од полноќ ќе сообраќаат редовно. Исполнети се барањата за додатоците на плата и за коефициентите за сложеност на работни места, изјави претставникот на Машинскиот персонал Душко Чакаровски.

Тој не соопштува детали за постигнатиот договор со кој, како што рече, добиле ветување и дека во наредниот период платата ќе ја добиваат во целост, наместо во два дела како досега. 

Машинскиот персонал го почна протестот вчера со редуцирање на домашниот патнички и товарен железнички сообраќај, а денеска дојде до целосен прекин на сообраќајот во железницата. 

Извор:МИА




За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube