Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Заврши реконструкцијата на 64 мостови на Коридор 10
30.06.2016

Заврши обновата на 64 мостови долж македонскиот дел од Коридор 10, реализирана со финансиска поддршка на НАТО и КФОР.

Со проектот за обнова на мостовите, кој заеднички е работен со НАТО, Македонија добива нова и квалитетна инфраструктура на Коридорот 10, рече министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски на свеченоста по повод завршување на проектот на местото викано Пуста Кула, на автопатот Велес-Скопје.

Мисајловски потсети дека соработката со НАТО командата започна во 2005 година кога Министерството за транспорт и врски и Врховната Команда на Здружените сили на Европа претставени од НАТО штабот во Скопје потпишаа Меморандум за разбирање за поправка на патната мрежа на Македонија.

Санацијата на мостовите се одвиваше во три фази. Во тек на првата беа обновени мостовите на автопатската делница од Катланово до Велес и делницата Скопје-Блаце. Во втората фаза беа опфатени  мостовите на делница од Демир Капија до Гевгелија, а во  третата, од крајот на 2013 до мај годинава,  на делницата Велес-Катланово.

Бригадниот генерал на КФОР  Ференц Корум од Унгарските вооружени сили на НАТО, истакна дека ја поддржале обновата на мостовите затоа што Коридор 10 е многу значаен за  КФОР и за Република Македонија.

- Овој Коридор е многу значаен за КФОР, претставува главна доставувачка клучка од пристаништето во Солун-Грција, низ Македонија се до граничниот премин со Косово. Задоволен сум од реализација на проектот и се надевам дека од сега реконструираните мостови  ќе бидат од полза и  на КФОР и на цивилниот сообраќај во вашата земја, потенцира бригадниот генерал Корум.

Според министерот Мисајловски укажа, санацијата на мостовите е уште еден од многуте инфраструктурни проекти за подобрување на патната инфраструктура во Македонија.

Инвестициите што се реализираат на Коридор 10, потенцира, изнесуваат преку 300 милиони евра.

- Се реконструира делницата од Гевгелија до Смоквица, се гради нова автопатска делница од Смоквица до Демир Капија. Следниот месец  ќе почнеме реконструкција на осум километри делница од Демир Капија до Неготино. Завршивме со реконструкцијата на автопатот од Куманово до Скопје, ќе го реконструираме и во другата насока од Скопје до Куманово. Претходно се изгради автопатската делница од Табановце до Куманово, завршивме со реконструкцијата на сите мостови, така што во скоро време ќе добиеме модерен автопат на Коридорот 10 што ќе ги задоволува сите меѓународни стандарди, потенцира министерот Мисајловски.

Обновата на патната инфраструктура, додаде, е многу значајна за економскиот развој на Македонија, за што Владата почна инвестициски циклус од над милијарда евра за создавање квалитетна патна инфраструктура.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube