Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Започна реконструкција на регионалниот пат Корешница – Бистренци
31.10.2016

Започна реконструкцијата на регионалниот пат Корешница – Бистренци, последниот регионален пат што остана нереконструиран во општина Демир Капија. Инвестицијата е 10 милиони денари и беше приоритетно барање на жителите од овој регион. Се поставува нов тампон, а за десетина дена ќе започне и асфатлирање на целиот пат.


Инвестициите во овој регион надминуваат над 200 милиони евра, рече министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски кој заедно со градоначалникот на Демир Капија и директорите на ЈП за Државни патишта и Македонија пат извршија увид на отпочнување на градежните работи.


Денеска започнуваме со реконструкција на овој пат и набрзо ќе го завршиме, знаете дека активно се работи на автопатската делница Демир Капија – Смоквица, активно се работи и на автопатската делница Смоквица – Гевгелија. Почнавме со подготвителни работи за реконструкција и на делницата од Неготино до Демир Капија која е една од најоштетените и најфрекфентна. Така да активно се работи на изградба на овие капитални проекти.

Со реконструкцијата на овој пат која беше една од барањата на жителите на овие населени места ќе обезбедиме побезбеден сообраќај, изјави директорот на ЈП за Државни патишта Александар Стојанов кој објасни дека со реконструкцијата на овој пат ќе се изврши проширување од 3 метри на 4 метри и ќе се постави комплетно нова патна сигнализација.


За општината Демир Капија овој проект значи заокружување на инвестициите на патната инфраструктура во општината.


По завршување на овој регионален пат во општина Демир Капија ќе нема ниту еден локален ниту регионален пат на кој што ќе му биде потребна реконструкција, изјави Трајче Димитриев, градоначалник на општина Демир Капија.

Реконструкцијата на овој регионален пат ќе се заврши оваа година.




За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube