Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Во Истокот вложуваме преку 70 милиони евра за патната мрежа
11.06.2018

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска оствари работна посета на општина Кочани каде оствари средба со градоначалникот Николчо Илијев и узврши увид во реконструкција на магистралниот пат Кочани –Делчево.

Овој патен правец е со должина од 30, 6 километри, вредноста на инвестицијата е 6 милиони евра, средствата се обезбедени од Светска банка.

Во тек се врши асфалтирање на дел од трасата како и санација на четири одрони. Во изјава за новинарите, министерот Сугарески потенцираше дека реконструкцијата на овој патен правец е многу значајна бидејќи истиот не бил реконструиран неколку децении, а е важна патна врска за Источниот регион.

“ Во однос на инвестициите во овој регион, сакам да потенцирам дека само во патната инфраструктура инвестираме преку 70 милиони евра во изградба и реконструкција  на патиштата. Би спомнал само неколку: Реконструкција на овој патен правец од Кочани до Делчево, потоа реконструкција на обиколницата Кочани, реконструкција на патот до Пониква, изградбата на експресниот пат Штип-Кочани и уште неколку регионлани патишта кои во следниот период ќе се работат со средтсва од Јавното претпријатие за државни патишта”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Директорот ја ЈП за државни патишта Зоран Китанов, изјави дека реконструцијата се одвива според планираното и дека оваа инвестиција како и реконструкциите на другите регионални патишта ќе придонесе за економско зајакнување на регионот.

“ Покрај рехабилитација на патот, предвидено е да се рехабилитираат и 18 мостови, санација на 4 најголеми одрони, како и санација на косините. Очекуваме истиот да биде завршен крајот на овој месец”, изјави директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов.

Претходно, министерот Сугарески на средбата со гардоначалникот разговараа за проектите во делот на инфраструктурата што се реализираат во општината а што се од огромно значење за развојот на Кочани како и за подобрување на животот на граѓаните. 




За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube