Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Увид во реконструкција на државниот пат Гостивар - Колари
08.06.2018

Mинистерот за транспорт и врски, Горан Сугарески заедно со заменик министерот за транспорт и врски,Садик Беќири,  директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов и директорот на ЈП Македонија пат, Гајур Кадриу извршија увид во реконструкција на државниот пат Гостивар – Колари.

Патот е во должина од 28,5 километри, вредноста на инвестицијата изнесува 4 милиони евра, средства кои се обезбедени од Буџетот на ЈП за државни патишта.

Во изјава за медиумите министерот Сугарески истакна дека во следниот период ќе биде забележан сериозен раст на градежништвото, како резултат на силните инфраструктурни зафати што се одвиваат во Република Македонија.

„Во втората половина од 2018 година ќе имаме силен раст во градежништвото. Ова го тврдам со сигурност бидејќи некаде во месец март отпочна силна градежна офанзива на целата територија на државата во изградба на патишта, пруги и други капитални проекти и резултатите ќе бидат видливи следниот квартал кога очекувам драстично зголемување. Ова е многу важно затоа што е директно поврзано со Бруто Домашниот Производ“ – изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Во однос на проектите кои ќе се реализираат во изградба и реконструкција на патната инфраструктура во  западниот дел на Македонија, министерот Сугарески изјави дека покрај рехабилитацијата на овој пат, оваа година ќе започне и реконструкција на магистралниот пат Колари – Кичево,  а паралелно се одвива и проектирање за изградба на  нов автопат Гостивар – Кичево. Изградбата на новиот автопат ќе се одвива во три фази. Во тек е изработка на основен проект за изградба на првата фаза Кичево – Букјачани.

Директорот на ЈП за државни патишта во изјавата за медиумите истакна дека рокот за реализација на проектот за рехабилитација на државниот пат Гостивар – Колари е продолжен до ноември, а во меѓувреме се санираат и 5 мостови на овој патен правец, со што до крајот на ноември оваа година ќе имаме комплетно рехабилитиран пат. 



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube