Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Увид во изградбата на автопатот Миладиновци - Штип
25.05.2016

Вкупно 95 отсто од автопатот Миладиновци – Штип се пробиени, 9,5 километри се веќе асфалтирани, а се работи и на изградба на мостовите, потпатниците, натпатниците, вијадуктите, рече денеска премиеротЕмил Димитриев откако, во придружба на министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, изврши увид во градежните работи.

Како што изјави Димитриев, автопатот вреден 206 милиони евра, е во должина од 47 километри, а неговата целосна реализација се очекува да заврши за најдоцна една година.

Изведувач на проектот е кинеската компанија „Синохидро“, додека подизведувачи се македонските „Гранит“ и „Бетон“.

- Од она што можев да го видам на лице место и да го слушнам од одговорните, темпото на реализација се одвива согласно планираната динамика. Вкупниот прогрес на градба е околу 39 проценти. Со задржување на ова темпо, ќе го постигнеме планираниот рок – за една година да имаме комплетно завршен пат, истакна премиерот.

Според него, Владата истовремено работи и на уште два автопата, Демир Капија – Смоквица и Кичево – Охрид, но почна и реконструкцијата на две автопатски делници, Смоквица – Гевгелија и Куманово – Миладиновци.

- Ова е историски важен момент за државата и за развојот на нејзината економија зашто првпат паралелно се работи на вкупно 165 километри делници, дел се во градба, а дел се реконструираат, што е инвестиција вредна 800 милиони евра. Ангажирани се околу 2.500 луѓе и тоа е сериозен поттик за македонското градежништво, како и за останатите поврзани стопански гранки, подвлече Димитриев.

И министерот Мисајловски потенцира дека првпат во историјата на Македонија се градат три автопати.

- Динамиката се одвива според планираното. Можно е да се случат и некои непредвидени работи, но цврсто сум убеден и верувам дека следната година ќе имаме нов, модерен автопат што македонските граѓани го заслужуваат, нагласи Мисајловски.

Тој најави дека во втората половина од годинава ќе почне и изградбата на експресните патишта Штип – Кочани, Кочани – Делчево, Штип – Радовиш и Крива Паланка – Ранковце, инвестиција вредна 300 милиони евра. Почнат е, додаде, уште еден проект, реконструкција на патниот правец Кочани – Делчево, вреден 6,6 милиони евра.

- Максимално сме фокусирани на сите овие проекти. Очекувам веднаш по завршувањето на целата документација и останатите пропратни активности, следната година да почнеме и со конкретните работи на терен, посочи министерот.

Владата, истакна Мисајловски, и натаму останува посветена на изградба на инфраструктурата поради што, како што рече, освен на трите автопати и предвидените два нови проекта, паралелно работи на уште десет регионални патишта.

Со премиерот Димитриев и министерот Мисајловски, на увидот во градежните работи на автопатот Миладиновци – Штип беше и градоначалникот Илчо Захариев. 

извор МИА



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube