Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Сугарески: Пропустите на автопатот Миладиновци - Штип ќе чинат дополнителни над 20 милиони евра
27.07.2017

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска соопшти дека во изградбата на автопатот Миладиновци - Штип направени се пропусти за чие надминување, според првичните проценки, ќе бидат потребни дополнителни над 20 милиони евра.

На прес-конференцијата во Владата на Република Македонија, министерот Сугарески истакна дека при проверката на архивата најден е документ со кој се бара склучување анекс за продолжување на изградбата на оваа автопатска делница.

- Овој документ предочува дека во април годинава, на само неколку дена пред рокот кога автопатот Миладиновци - Штип требаше да биде предаден во употреба, министерот за транспорт и врски на претходната влада доставил информација до Владата дека 32 проценти од работите на патот не се завршени. Значи, знаеле за пропустите, а пред јавноста ја скриле оваа информација. Оваа информација потврдува дека целата инвестиција од 206 милиони евра ја реализирале со бројни пропусти, нагласи Сугарески.

Тој соопшти дека веќе имале средба со претставници на кинеската компанија „Синохидро“ и оти од нивна страна е побарано уште една година работа на терен.

- Тоа значи дека согласно пропустите ќе се направи дополнителна штета која сметаме дека ќе биде над 20 милиони евра. Пари на граѓаните ќе бидат потрошени како резултат на неодговорното и нестручно однесување на претходната влада, рече министерот Сугарески.

Тој најави дека ќе ги надминат проблемите што ги наследиле и оти автопатите ќе бидат изградени.

Со пролонгирањето на рокот на изградба на автопатот Миладиновци - Штип за една година, оваа делница треба да биде готова до 1 мај 2018 година, но министерот Сугарески се сомнева дека ќе биде завршена до тогаш со оглед на направените пропусти на терен. 

Претходно, министерот информираше дека има пропусти во изградбата и на автопатот Охрид - Кичево, каде според првичните проценки се потребни дополнителни околу 100 милиони евра.  

За автопатот Демир Капија - Смоквица, министерот Сугарески очекува да бидат отстранети пречките за градба на контролниот центар во Неготино и за дислокација на далекуводот и овој автопат да биде пуштен во употерба во ноември или декември.

Извор МИА



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube