Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Сугарески: Катастарот е клучна институција за развој на општеството во целина
08.06.2017

Министерот за транспорт и врски  Горан Сугарески денеска се обрати на десетата по ред Регионална конференција на катастар и инфраструктура на просторни податоци, во организација на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија. 

Во своето обраќање тој потецираше дека Агенцијата за катастар на недвижности е клучна институција за развој на инфраструктурата а која треба да ја гарантира сопственоста, урбанистичкото планирање, развојот на пазарот на недвижности се со цел развој на општеството во целина.  

Следи интегрален текст од обраќањето на министерот за транспорт и врски г-дин Горан Сугарески.

“Имајќи го предвид значењето на Катастарот и унапредување на земјиштето, оваа Конференција ја оценувам како исклучително важна за Република Македонија но и за сите земји од регионот и пошироко. Споделувањето на искуствата меѓу земјите од регионот од областа на катастарот и инфраструктурата на просторните податоци, треба да резултира со воспостување функционален катастар кој ќе ја гарантира сопственоста, развојот на пазарот на недвижности, зголемен број на трансакции, подобрување на урбанистичкото планирање, развој на инфраструктурата и на животната среднина со цел за оддржлив развој на општеството во целина.

Катастарот на недвижностите, инкорпориран во Агенцијата за катастар на недвижности, има големо значење за современиот начин на живеење во нашата држава бидејќи тој претстваува единствен систем за ажурно водење на евиденцијата на земјиштето, зградите, посебните делови на зградите и другите објекти изградени врз земјиштето. Неговите податоци служат за задоволување на многубројните потреби на стопанските, управните, статистичките, даночните и урбанистичките институции, а со цел заштита на правата врз недвижностите. Со изготвување на посебни евиденции на недвижностите за потребите првенствено на граѓаните, но и за потребите на државните органи, претпријатијата и на други правни лица, Агенцијата за катастар доби значење на една од клучните државни институции во Република Македонија.

Заложбите на новата Влада се темелат на суштински реформи од областа на геодезијата и на катастарот со вклучување на што е можно поголем број на релевантни субјетки.

По повод јубилејната прослава, 70 години Агенција за катастар, 40 години студии по геодезија и 10 години од воведување приватна геодетска дејност во Република Македонија, која ќе биде составен дел на оваа Конференција, имам чест да ве поздравам Вас и Вашите гости од земјата и од странство. Ви посакувам прославата да помине во свечена атмосфера, со желба таа да претставува нов поттик за натамошна успешна и плодна работа. На вашите гости истовремено им посакувам пријатен престој со желба да понесат убави и незаборавни спомени од Репубилка Макеоднија”.




За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube