Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Состанок со министрите од Западен Балкан на тема „ТЕН - Т Коридори“
21.06.2016

Ве информираме дека министерот за транспорт и врски г. Владо Мисајловски престојува во дводневна работна посета во Ротердам, Холандија, на министерскиот состанок посветен на Транспортните Европски Коридори.  

На состанокот на кој присуствуваат министрите за транспорт од земјите на Западен Балкан, се разговара за главната мрежа на Европски транспортни коридори во рамките на ЕУ и нејзино продолжување во земјите од Западен Балкан. Целта е во ЕУ, а исто така и во регионот на Западен Балкан, оваа основна мрежа да биде изградена до 2030 година со т.н “Тен-стандарди”.

Министерот Владо Мисјловски ги претстави инфраструктурните проекти што ги реализира Владата на Република Македонија за развој на Коридорот 8 и 10 како и унапредувањето на поврзаноста со регионот и земјите од Европската Унија, притоа потенцирајки дека за доиградба на овие коридори потребни се средства во висина од 1,7 милијарди евра.

“Македонија влезе во еден инвестициски циклус во патната и железничката инфраструктура. Моментално на Коридорот 10 активно се работи на автопатот Демир Капија –Смоквица и очекуваме автопатот да биде готов во првата половина нa 2017 година.  Во меѓувреме се работи и на изградба на автопатот Кичево – Охрид и овој автопат очекуваме да заврши во 2018 година, истакна министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски”.

Во делот на железничката инфраструктура на Коридорот 8, министерот Мисајловски ги претстави  проектите за изградба пругата кон Бугарија осврнувајќи се на акцискиот план за изградба на пругата до 2023 година.

“За нас многу значен проект е изградбата на новата пруга кон Албанија. Со изградбата на оваа пруга и таа кон Бугарија,  Република Македонија ќе добие железничко поврзување кон Исток и кон Запад, важен сегмент за регионалното поврзување. Затоа е многу важно Европската Комисија да ја препознае потребата за реализација на овој проект и да не подржи преку негово финансирање,  се обрати пред присутните министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.“

На министерскиот состанок покрај министрите за транспорт на Македонија, Црна Гора, Албанија, Косово, Србија, БиХ и Бугарија, присуствуваше и Комесарката за транспорт на Европската Комисија, Виолета Булц.




За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube