Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Реакција на изјавата на Благој Бочварски во врска со железничкиот сообраќај
19.09.2016

Министерството за транспорт и врски најостро реагира наобидот за манипулација на Благоја Бочварски од СДСМ околу состојбата во железничкиот сообраќај.

СДСМ грубо манипулираат со факти кои се меѓусебно неспоредливи поради разликата во мерливоста на показателите кои се употребени.Ова СДСМ го прави затоа што кога е во прашање железницата нема ниту основан аргумент за напад на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ниту нешто од свое време со што ќе се пофали.

СДСМ избрка стотици луѓе од работа во железницата, не вложи ниту денар во набавка на нови локомотиви, патнички и товарни вагони, а како спомен на своето владеење ги остави бетонските столбови од никогаш изградената пруга кон Бугарија. Истовремено СДСМ добро знае дека овие неколку години се историски во вложувањата во железничкиот сообраќај и инфраструктура, па токму затоа во предизборниот период жолчно се обидува да ја манипулира јавноста.

Еве малку фактографија која СДСМ колку и да сака не може да ја негира. Се обновува возниот парк и набавени се 150 вагони од различни типови за товарен превоз со вкпуна инвестиција од 15 милиони евра, како и 6 нови патнички возови од кои 4 се дизел-моторни гарнитури и 2 електромоторни гарнитури со вкупна инвестиција од 25 милиони евра. Во тек е уште една набавка, а која треба да обезбеди 3 нови локомотиви во вредност од 7 милиони евра,

Дел од инвестициите во железницата во овој циклус се и седните: реконструирана е железничката делница Табановце-Куманово во должина од 12 километри и Миравци-Смоквица исто така во должина од 12 километри, во инвестиција вредна 7 милиони евра.Во тек е реконструкција на делницата Ногаевци-Неготино од 30 километри и вредност од 9,4 милиони евра, исто како и изградбата на пругата кон Бугарија, конкретно делницата Куманово-Бељаковце во должина од 31 километар и вредност од 39 милиони евра. Во тек на тендерска постапкае втората делница кон Бугарија од Бељаковце до Крива Паланка за која се обезбедени средства од 147 милиони евра. Во тек е и проектирањето нова пруга кон Албанија од Кичево до Лин во должина од 63 километри.

Завршена е реконструкцијата на Железничката станица во Скопје во вредност од 2,6 милиони евра и во тек е реконструкција на 10 железнички станици на Коридорот 10 меѓу кои Велес, Демир Капија, Градско, Прилеп, Табановце, Неготино, Битола, Гевгелија, Богомила и Чашка во инвестиција од 1,9 милиони евра која ќе се заврши во 2016 година.

Оваа Влада за прв пат воведе бесплатни билети за студентите и пензионерите со цел да им го доближи железничкиот превоз како најевтин транспорт.

Ова е само еден дел од проектите што се реализираат во железничкиот сообраќај и инфраструктура. Намерно или во рамките на манипулативниот наратив, СДСМ заборави да спомене дека во цела Европа и кај најголемите железничи компании има намалување во товарниот и во патничкиот сообраќај.

Доколку ова е ненамерна грешка, СДСМ може да зборува за нешто што познава, па корисно за граѓаните би било да направат споредба и да одговорат колку километри пруги СДСМ рехабилитираше додека беше на власт, кoлку километри нова железничка инфраструктура изгради, колку вагони и возови купи за да можат граѓаните безбедно да патуваат и компаниите навремено,безбедно и точно да ги оперираат своите набавки?Колку железнички станици реконструирашеи колку луѓе од Железница оставивте на улица без работа СДСМ?

Само со споредба на мерливи податоци кои не се подложни на манипулација може јавноста да биде објективно информирана и да го искаже својот суд.




За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube