Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Пуштена во употреба пешачката патека во општина Дебарца
04.07.2016

Новоизградената пешачка патека покрај Охридско Езеро на територијата на Општина Дебрца и тековните и идни такви содржини и во останатите туристички места во следниот период се нови можности за развој на туризмот, оцени денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. 

Со градоначалникот на општина Дебрца Игор Трајкоски извршија увид во завршните градежни активности на патеката покрај Охридското Езеро во Дебрца, во должина од 120 метри, уредена со клупи за одмор и рекреација и осветлена во ноќните часови. Инвестиција од 120 милиони денари на Министерството за транспорт и врски.

- Многу беше важно заеднички да направиме обележје за општина Дебрца дека излегува на Охридското Езеро и оти има свој дел на ривиерата. Со оваа инвестиција направивме едно убаво катче за секој граѓанин што сака да помине во релаксиран одмор тука. Разговараме оваа пешачка патека да добие и дополнителни содржини, каде што има простор да се проширува, а потоа општината да може под концесија да го издава местото каде ќе може да се собираат повеќе луѓе и да има поголем простор за туризам, изјави министерот Мисајловски.

Информира дека во завршна фаза е проектирањето за изградба на пешачка патека од Плоштадот во Охрид до Канео, а потоа и патека до плажата Лабино, како и изградба на плажата во Лагадин.

-  Почнавме и со нов проект во Ресен за изградба на пешчака патека во должина од над пет километри, заврши изградбата на пешачката патека во Дојран, како и во други населени места. Како централна власт ќе застанеме зад секоја општина и секогаш кога има добра соработка меѓу Министерството и општините ќе градиме вакви убави објекти, пешачки патеки, нови плажи... само да ги зголемиме содржините за сите граѓани во Република Македонија, рече Мисајловски.

Градоначалникот на Дебрца упати благодарност до Министерството за заложбите за изградба на патеката, нагласувајќи дека при изработка на идејното решение општината работела според препораките на УНЕСКО за заштита на езерото.

- Се водевме според препораките на УНЕСКО за заштита на животната средина и езерото. Користевме природни материјали и денес сме сведоци дека пешачката патека ќе остане спомен за идните генерации и ќе придонесе за развој на овој дел од езерото, од страната на Општина Дебрца, истакна Трајковски.

Извор: МИА



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube