Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Нова авио линија Скопје - Прага
21.01.2016

Авиокомпанијата Чех ерлајнс ќе ја обнови редовната авионска линија Скопје – Прага од 20 мај годинава со три лета неделно. Летови од Скопје кон Прага ќе има во понеделник, среда и во петок. На промоцијата беше присутен министерот за транспорт и врски Владо Мисајлвоски, генералниот директор на ТАВ Македонија и прставникот на Чех ерлајнс , Јан Тот.

Министерот Мисајловски истакна дека воведувањето на линијата е резултат на барањето од граѓаните бидејќи Прага беше една од најпосакуваните дестинации.  Одлуката за нова линија која се надевам дека ќе ги исполни нашите и очекувањата на граѓаните доаѓа во време кога авиосообраќајот во Македонија бележи најдобри резултати од кога било благодарение на мерките што континуирано ги спроведуваме, рече Мисајловски, дополнувајќи дека отворањето на македонскиот пазар и воведувањето нови линии се приоритет во авиосообраќајот.

Нашата упорност, посочи Мисајловски, резултираше со нови 20-ина линии до европските дестинации со многу поволни цени и достапност на билетите.

Генералниот директор на ТАВ Македонија појасни дека редот на летање е направен да одговара на македонските деловни и туристички патници кои патуваат во Чешка. Двете целни групи ќе може да го планираат престојот така што ќе имаат време од два полни дена со една ноќ или еден продолжен викенд.

Чех ерлајнс ја опслужуваше линијата Скопје – Прага од 2005 до март 2012 година, кога операциите беа прекинати поради преструктуирање на компанијата.

Како што информираа Мисајловски и Крстевски,  минатата година за 22 проценти  е зголемен вкупниот број патници на аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид, односно нивниот број достигна 1.560.381. 




За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube