Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Министерот Сугарески во работна посета на општина Кисела Вода
20.08.2018

Mинистерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска оствари работна посета на општина Кисела Вода, каде заедно со градоначалникот Филип Темелковски извршија увид во градежните работи за санација на улицата Христо Татарчев, Крак 22 во Припор.

Во текот на средбата, министерот Сугарески и градоначалникот Темелковски разговараа за проектите што се реализираат во општината, како и за проекти што општина Кисела Вода планира да ги започне во иднина.

Во изјава за медиумите, министерот Сугарески истакна дека капиталните инвестиции во Република Македонија ќе продолжат да растат, а резултатите ќе бидат видливи во третиот и четвртиот квартал.

Во продолжение следува изјавата на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

  „Денеска сум во работна посета на Општина Кисела Вода каде заедно со градоначалникот Темелковски извршивме увид во градежните работи за санација на улицата Христо Татарчев, Крак 22 во Припор.

За време на средбата, градоначалникот ме запозна и со останатите проекти кои се реализираат во општината, како и со инфраструктурните проекти кои планираат да ги реализираат во иднина.

Сакам да истакнам дека Министерството за транспорт и врски и понатаму ќе продолжи да биде поддржувач на општините и на нив гледа како на партнер во реализацијата на капиталните проекти кои имаат за цел да го подобрат животот на граѓаните.

Кога станува збор за капиталните проекти, ќе нагласам дека Република Македонија се наоѓа во голем и значаен инвестициски циклус во делот на инфраструктурата  и во наредниот период ќе се инвестираат повеќе од една милијарда евра за изградба на патишта, пруги, гасоводна мрежа, канализации и водоводи и други инфраструктурни проекти.

Оваа градежна сезона низ целата земја интензивно се работи на сите владини проекти поврзани со нискоградбата, водоводните мрежи и пречистителните станици.

Капиталните инвестиции ќе продолжат да растат, а резултатите ќе бидат видливи во третиот и четвртиот квартал.

Имаме отворен фронт за работа насекаде и очекуваме пораст на БДП и засилен економски раст на државата.

На крај сакам да потенцирам дека и понатаму ќе останеме силно посветени на создавање поволни услови за развој на земјата и подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани“ – изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.




За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube