Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Министерот Сугарески во работна посета на општина Бутел
27.08.2018

Mинистерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска оствари работна посета на општина Бутел.

Во текот на средбата, министерот Сугарески и градоначалникот Смилевски разговараа за инфраструктурните проекти што се реализираат во Бутел, а се од огромно значење и за економскиот развој на општината и за квалитетот на живот на граѓаните.

Во изјава за медиумите, министерот Сугарески истакна дека очекува во текот на оваа година да започне инфраструктурното уредување на индустриската зона Визбегово.

Министерот додаде дека станува збор за многу значаен проект, со вкупна вредност од 7 до 9 милиони евра, кој ќе се реализира во неколку фази и со кој не само што ќе се овозможат подобри услови за работа на постоечките компании, туку ќе се создадат услови за привлекување на нови домашни и странски инвеститори.

За оваа година во буџетот на Министерството за транспорт и врски се предвидени 20 милиони денари за изградба на дел од водовод и канализација во зоната.

Во продолжение следува изјавата на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

  „Денеска сум во работна посета на општина Бутел каде остварив значајна средба со градоначалникот Смилевски.

Разговаравме за проектите во делот на инфраструктурата што се реализираат во општината, a се од огромно значење за економскиот развој на Бутел, како и за подобрување на животот на граѓаните. 

Градоначалникот ме информираше за проектите што ги работи во општината, го охрабрувам да продолжи со позасилено темпо на реализација,  а ние како централна власт ќе овозможиме поддршка со цел заеднички да придонесеме за побрз развој на општината.

Она што е особено важно и на што посветивме најголем дел од состанокот е да ја усогласиме временската рамка за изградба на канализацијата и водоводот во индустриската зона Визбегово, како би овозможиле нормално функционирање на сите компании кои се наоѓаат во зоната и би создале подобри услови и за идните инвеститори.

Ова е сериозен проект кој го ветивме пред изборите и максимално ќе се залагаме да го реализираме.

Планираме заеднички со ЈП Водовод, општина Бутел и секако Владата, инфраструктурно да ја уредиме зоната Визбегово. За оваа година во буџетот на Министерството имаме планирано 20 милиони денари за изградба на дел од водовод и канализација во зоната.

Очекуваме до средина на септември, ЈП Водовод да го изработи проектот, по што Министерството ќе распише тендер за избор на изведувач за изградба и оваа година конечно да започне уредувањето на зоната Визбегово.

Целиот проект е проценет од 7 до 9 милиони евра, така да ќе се работи во неколку фази, но најважно е го исполниме  ветувањето што го дадовме пред сопствениците на компаниите кои работат во зоната дека ќе овозможиме уредување на инфраструктурата.

Знаеме колку е важно да го реализираме овој проект. Со него не само што ќе овозможиме подобри услови за работа на постоечките компании, туку ќе создадеме услови да привлечеме што повеќе домашни и странски компании да инвестираат во Бутел.

Тоа значи економски бенефит за општината и подобар живот за сите граѓани на Бутел“ – изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.




За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube