Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Министерот Мисајловски се обрати на министерскиот состанок во Софија посветен на инвестициите во транспортот во земјите од Западен Балкан
23.03.2017

Ве информираме дека министерот за транспорт и врски г. Владо Мисајловски претстојува во работна посета во Софија, Република Бугарија на министерскиот состанок посветен на инвестициите во транспортот во земјите од Западен Балкан.  


На состанокот на кој присуствуваат министрите за транспорт од земјите на Западен Балкан, се разговара за постигнување на целите на Инвестицискиот план за Европа, вклучувајќи ја главната мрежа на Европски транспортни коридори во рамките на ЕУ и нејзино продолжување во земјите од Западен Балкан.

Министерот Владо Мисјловски ги претстави инфраструктурните проекти што ги реализира Владата на Република Македонија за развој на Коридорот 8 и 10 како и активностите за унапредување на поврзаноста со регионот и земјите од Европската Унија.  Воедно министерот Мисајловски ги образложи мерките што ги превзема Владата на Република Македонија во насока на изградба на модерен, безбеден и интегриран транспортен систем прилагоден за потребите за  економскиот развој на земјата, потенцирајќи ја особено важноста за финансиска поддршка од страна на ЕУ за реализација на предвидените проекти.


Во своето обраќање министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски ја нагласи потребата од изградба и модернизација на Коридорите 8 и 10, како најважни транспортни линкови  со земјите од Централна и Југоисточна Европа.

“Силно сме посветени на реализација на проекти по должината на двата коридори, проекти што ќе придонесат за подобрување на целокупната транспортна инфраструктура и за зголемување на квалитетот на услугите и конкурентноста на нашата мрежа на овие коридори. Координацијата на регионално ниво во инвестициите во инфраструктурата е во согласност со националните планови и програми на Република Македонија. Оттука изградбата на овие патишта и железнци се токму во насока на изградба на оние линкови кои недостасуваат за регионлано поврзување, ”  истакна министерот Мисајловски.

На министерскиот состанок учествуваат високи претставници на Европската комисија, предводени од Комесарот за транспорт Виолета Булц, Mинистри и претставници на  меѓународни финансиски институции, меѓу кои од Европската инвестициона банка и Европската банка за обнова и развој.   




За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube