Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Вицепремиерот Николоски и директорот на АЦВ Стојаноски, ги врачија првите уверенијата за кандидати за пилоти. Време е да создадеме нов кадар за потребите на државатa и авиосекторот
01.08.2025

Десет лица се стекнаа со Уверенија за кандидати за пилоти по Јавниот повик за обука на пилоти што беше објавен од Агенцијата за цивилно воздухопловство. Денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски и директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Драги Стојаноски им ги врачија уверенијата.

Агенцијата со 50 проценти ќе ја кофинансира обуката на избраните кандидати, тие ќе се обучуваат за пилоти на лесни авиони.

Овој проект, истакна вицепремиерот Николоски бил потребен како ургентен во авиосекторот бидејќи државата се соочува со дефицит на пилоти, а ќе биде од голема важност за цивилното воздухопловтсво.

“Навистина ова е еден убав настан, се работи за една благородна професија и она што постојaно го повторувам е дека со сите оние работи што ги правиме покажуваме дека Македонија може и има капацитет да води големи проекти и да ја вратиме самодовербата и достоинството кај народот. Ако во некои други времиња било настан да се обучи некој за пилот, сме ги знаеле и по име, неколку пилоти кои ги има Македонија, еве денеска почнуваме со обука на луѓе кои што вкупно не биле обучени во минатото. Но тука сме да ги согледуваме состојбите и да ги решаваме. Ќе продолжиме со подршката, ќе стимулираме уште, многу е важно дека процесот е отворен и транспарентен се надевам дека на следниот повик ќе има уште повеќе кандидати и дека истите покрај во државниот сектор ќе бидат ангажирани и во државниот сектор. На пример вчера компанијата Визер објави дека има преку 200 вработени во Македонија што е една фабрика од средна категорија, таа бројка може да расте и ќе расте доколку имаме соодветен потенција и капацитет. Еден по еден гледаме да ги затвараме секторите, почавме со најургентните, продолжуваме со секторите кои сега покажуваат ургентност и се надевам дека во еден цисклу од 4 години работите ќе бидат многу многу подобри” - истакна вицепремиерот Николоски

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство најави дека веќе во поноеделник ќе се распише нов јавен повик за обука на уште 9 пилоти.

“На средбите со вицепремиерот ја констатиравме како критична состојбата со воздухополовен пероснал и затоа одлучивме дел од средствтата од Агенцијата да ги насочиме кон еден ваков проект. Со ова ќе создадеме нови воздухопловци, ќе ги раздвижиме состојбите во спортските клубови и спортските аеродроми кои низ годините се со огромни проблеми а кои во минатото биле основ за создавање на персонал од кои корист имала државата. За следната година очекувам да предвидиме двојно повеќе средства за нови кандидати за понапредни обуки”- истакна Драги Стојаноски, директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube