Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Истекуваат роковите за легализација, апел од Министерството за транспорт и врски за навремено доставување на потребната документација
21.06.2018

Mинистерот за транспорт и врски, Горан Сугарески оствари работна посета на општина Штип.

На средбата со градоначалникот разговараа за инфраструктурните проекти што се реализираат во Штип и Источниот регион.

Посетата на општина Штип, министерот Сугарески ја искористи заедно со градоначалникот Бочварски да доделат решенија за легализација на бесправно изградени објекти на жители на општина Штип.

Во изјава за медиумите, министерот Сугарески апелираше до сите граѓани да ги запазат роковите за легализација на дивоизградените објекти и навреме да ги достават потребните документи.

Следува интегралниот текст од изјавата на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

„На средбата со градоначалникот разговаравме за сите инфраструктурни проекти кои се реализираат во овој регион, а се од клучно значење за Штип и граѓаните на Штип.

Градоначалникот ме информираше и за проектите што ги реализира тој на локално ниво и морам да му честитам на посветеноста, но и да го охрабрам да работи со уште посилно темпо.

Градот Штип е важна раскрсница на Истокот и затоа ние максимално сме посветени на подобрување на патната инфраструктура во овој регион. Нашата крајна цел е да овозможиме модерни, брзи и безбедни патишта за да овозможиме брз транспорт на стоки и услуги, и да создадеме услови за нови инвестиции кои ќе го подигнат економскиот раст во Штип и штипско.

Во таа насока, сакам да потенцирам дека максимално сме посветени на изградбата на автопатот Миладиновци– Штип и очекуваме да биде завршен до септември оваа година.

Работиме на изградба на експресен пат од Штип до Кочани кон бугарската граница.

Создаваме брза патна врска и кон југ, преку изградба на нов експресен пат  Штип – Радовиш. 

Исто така, се рехабилитираат и други помали патни правци во овој регион.

Сакам да истакнам дека генерално во регионов ќе инвестираме преку 320 милиони евра во изградба и реконструкција на патната мрежа. 

Посетата на општина Штип ја искористив и заедно со градоначалникот да доделиме решенија за легализација на бесправно изградени објекти.

Бидејќи рокот за достава на барањата истекува до крај на овој мeсец, сакам да апелирам до сите граѓани кои се уште ја немаат поднесено потребната документација, да го направат тоа што побрзо, бидејќи после тоа не размислуваме за продолжување на роковите.

Исто така сите граѓани пак, кои претходно немаат доставено никакво барање за легализација, имаат рок до крајот на оваа година да ја достават потребната документација.

Потенцирам  дека не размислуваме за продолжување на роковите,  па затоа уште еднаш ги повикувам сите граѓани навреме да ги достават документите.

За оние лица кои нема да ги запазат предвидените рокови ќе се постапува согласно Законот за бесправно изградени објекти“ – изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube