Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Грант од 4,6 милиони евра од Швајцарија за комуналната инфраструктура во Гостивар
11.07.2018

Општина Гостивар доби грант од 4,6 милиони евра неповратни средства од Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања (СЕКО) за подобрување на водоводната и канализациската инфраструктура во општината. 

Во Министерството за финансии, денеска беше потпишан договор со кој овој грант се става на располагање на општината. Договорот го потпишаа министрите за финансии Драган Тевдовски и за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на ЈП Комуналец - Гостивар Исак Лазами и претставник од КФВ банката, која е администратор на грант средствата, Рене Ескеман.

Вкупната сума која ќе се инвестира во подобрување на комуналната инфраструктура во Гостивар е 7,2 милиони евра. Овие средства ќе бидат наменети за набавка на опрема за откривање протекување вода со цел намалување на загубите на вода, предвидени се средства и за нови резервоари и цевководи и за подобрување на мрежата.

Покрај грантот од Швајцарија, Гостивар за реализација на овој проект ќе добие и 250 илјади евра грант од КФВ банка, како и заем од Владата во износ од 1,7 милиони евра. Исто така, општината ќе учествува со сопствени средства во проектот со износ од 682 илјади евра.

Грант средства за комунални проекти од КФВ банката во висина од 5 милиони евра наскоро ќе се доделат и за општините Гевгелија и Кавадарци.  



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube