Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Ги решаваме проблемите на автопатот Кичево-Охрид, ќе го изградиме во предвидениот рок
10.06.2018

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска изврши увид во градежните работи за изградба на автопатот Кичево - Охрид.

При посетата на терен, тој изврши обиколка на целата траса каде се одвиваат градежните работи.  Од разговорите со Надзорниот орган, се констатираше дека се надминуваат наследените проблеми поврзани со изградба на осумтте клучки и алтернативни патишта кои недостасуваа со претходниот проект, состојбата со изгрaдба на тунелот, изведбата на косините и обезбедување на свлечиштата.

Во изјава за медиумите, министерот Сугарески нагласи дека градежните работи се интензивираат и дека во наредниот период се очекува  позасилни активности на терен за да може да се испочитува рокот на изградба на автопатот до месец јуни, 2021 година.  

Исто така тој потенцираше дека поради слабата реализација на овој проект што се јави како резултат на катастрофалните грешки во проектите, истиот има негативно влијание врз стапката на раст на градежниот сектор.

“ Сите овие проблеми што ги спомнав за автопатот Кичево – Охрид, како и слабата реализација на терен од страна на компаниите , беа реална причина да има забавување  на работите на терен со што силно влијаеше врз намалување на стапката на раст на нискоградбата и генерално врз БДП-то. Но градежните работи тргнуваат со позасилено темпо, на терен ги разрешуваме сите наследени проблеми, градежните компании ја акивираа својата механизација, така да силно сме уверени дека градежништвото ќе го вратиме на  посакуваниот правец а тоа се двоцифрени стапки на раст”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.  

Тој нагласи дека во наредниот период очекува надминување на сите состојби на целата траса и да се продолжи со изградбата на овој капитален проект кој е од огромно значење за сите граѓани  се со цел да се испочитува рокот предвиден со Анексот на Договорот.

Автопатот Кичево-Охрид е со должина од 57 километри и проценета инвестиција од 374 милиони евра. Крајниот рок за изградба е 30 јуни 2021 година.   




За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube