Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Звршува рехабилитацијата на стариот пат од Прилеп до Битола
05.05.2020

Во завршна фаза е рехабилитацијата на државниот пат Прилеп – Тополчани – Битола во должина од 15,5 километри. Асфалтирана е целата траса, патот е обележан со хоризонтална сигнализација и преостанува да се постави еластична заштитна ограда.

Инвестицијата е во вредност од 1 милион евра.

Денеска, увид во градежните работи извршија министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов и претседателот на Советот на општина Прилеп, Миле Талевски.

„Интензивно работиме на тоа што го ветивме пред граѓаните. Реализацијата на капиталните проекти е од огромно значење за развојот на Пелагонскиот регион, особено во овие услови кога се бориме со здравствената криза и се справуваме со економските последици кои ги носи. Рехабилитацијата на стариот пат Прилеп–Битола е веќе во завршна фаза и останува да се постават уште заштитните огради. Сакам да истакнам дека во меѓувреме активно се работи и на рехабилитација на делот од Фариш до Дреново, а до крајот на месецов ќе се распише тендер за рехабилитација и на делот од Фариш до Прилеп - инвестиција од околу 5,6 милиони евра. Она што е особено важно за регионот е дека  континуирано се работи на изградбата на експресниот пат Градско-Дреново, во текот на месец јуни ќе се распишат тендери за рехабилитација на пет регионални патишта, додека преку ЈП Македонија пат ќе се рехабилитираат десетина патни правци во регионот годинава“ – изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Министерот Сугарески истакна дека во завршна фаза е и изградбата на магистралниот гасовод Неготино-Прилеп-Битола.

Директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов изјави дека покрај рехабилитацијата на стариот пат Прилеп – Битола, во завршна фаза е и  рехабилитацијата на патот од Фариш до Дреново, а кон крајот на овој месец се очекува да биде распишан и тендерот за доизградба на експресниот пат Фариш – Дреново.

„После 4-5 децении граѓаните од Прилеп и Прилепско добиваат рехабилитиран пат кон Битола. Пелагонискиот регион се наоѓа во силна градежна сезона. Кон крајот на овој месец, најдоцна почеток на јуни, очекувам да биде објавен тендерот за довршување на преостанатите 70% на експресниот пат Фариш-Дреново, а наскоро ќе биде објавен и тендерот за рехабилитација со проширување на патот Фаришка Клисура – Прилеп, во должина од 19 километри. Исто така, во текот на овој и следниот месец ќе бидат објавени тендери за рехабилитација на неколку патни правци во регионот, меѓу кои Кривогаштани–Крушево, Битола–Демир Хисар, Крушево–Демир Хисар, Другово–Демир Хисар и Битола-Меџитлија“ – изјави директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов.

За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube