Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Започнува изградба на трета лента на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир
23.09.2019

„За десетина дена започнуваме со изградба на трета лента од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир, со што ќе го олесниме сообраќајот до овој граничен премин“, истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески при денешната работна посета на општина Крива Паланка.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, заедно со директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов и градоначалникот на општина Крива Паланка,  Борјанчо Мицевски, извршија увид во рехабилитацијата на регионалниот пат од Крива Паланка до Луке, Киселица и Дубровница и остварија средба со жители на населеното место Луке.

Во изјава за медиумите, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески истакна дека патната и железничката инфраструктурата се врвен приоритет на Владата, а инвестициите што се реализираат се насочени кон модернизација на европскиот Коридор 8 како стратешки патен правец.

„Во ек е силна градежна активност во Крива Паланка и околината. Работиме на изградба на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, го рехабилитираме и постоечкиот пат од Крива Паланка до Ранковце, а набрзо ќе започнеме со изградба на трета лента до граничниот премин Деве Баир, инвестиција од 12 милиони евра. Покрај изградбата и рехабилитацијата на патната мрежа, фокусирани сме и на железничкото поврзување со Бугарија. Следната година ќе завршиме со изградба на пругата од Куманово до Бељаковце, а во почеток на 2021 година ќе отпочне изградбата на делницата Бељаковце - Крива Паланка. Она што сакам да истакнам е дека во ресорот Транспорт интензивно работиме на капиталните инвестиции насекаде низ државата“ - изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Министерот Сугарески додаде дека следната недела Министерството за транспорт и врски ќе распише јавен повик за набавка и инсталација на куќни водомери во Крива Паланка, проект во вредност од 500 илјади евра кој министерството во соработка со општината го реализира преку Европската инвестициска банка.

Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов истакна дека инфраструктурата е клучна за развојот на Источниот регион и квалитетот на живот на граѓаните.

„Долго време Источниот регион беше заборавен и запоставуван. Ние го исполнуваме тоа што го ветивме пред граѓаните. Во моментов, покрај изградбата на експресните патишта работиме на рехабилитацијата од Ранковце до Паланка која треба да биде завршена на пролет, оваа година ќе започне рехабилитација на делниците од Страцин до Ранковце и од Куманово до Страцин, а за десетина дена ќе започнат и градежните работи за комплетна реконструкција и изградба на трета лента на патот од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир, кој е од големо значење за овој регион. Ќе продолжиме и понатаму посветено да работиме за подобар и поквалитетен живот на граѓаните“ – изјави директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов.

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски истакна дека инвестициите во патната инфраструктура се од особено значење за Крива Паланка како погранична општина и додаде дека локалната власт и во наредниот период сериозно ќе работи на изградба и подобрување на локалната патна мрежа и комуналната инфраструктура.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube