Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Започна изградбата на нова социјална зграда во Неготино за 62 социјално ранливи семејства
12.07.2019

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката, Кристијан Трајковски, го означија  почетокот на изградба на станбена зграда наменета за социјално ранливи категории на граѓани во Неготино.

Наша обврска е да создадеме услови сите овие лица да добијат кров над глава, сигурност и подобри услови за живот, потенцираше министерот за транспорт и врски Горан Сугаески.

“Денеска сме присутни овде во Неготино исто така да означиме почеток на изградба на нова социјална зграда со вкупно 62 станови, со која верувам дека ќе  овозможиме пристоен дом на социјално ранливите лица на кои станбеното прашање им е најголем проблем.  Сакам да потенцирам дека годинава  во соработка со АД за станбен и деловен простор ќе отпочнеме за градиме згради и во Гевгелија, Виница, Пехчево, Свети Николе,  Дебар, Велес и Скопје наменети за социјално ранливи групи граѓани”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугаески.

Тој додаде дека до сега изградени се вкупно 164 станови и тоа во Кочани, Македонски Брод и Струмица, и истакна дека во завршна фаза е зградата во Гостивар.

Директорот на директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката, Кристијан Трајковски најави дека рокот за изградба е осумнесет месеци и дека се очекува изградбата да заврши и пред рокот.

“Перидот ќе биде доста интензивен, продолжуваме со изградба на зградата во Бутел во Скопје, во месец август ќе започнеме со изградба на згради во Виница и Свети Николе, а во месец ноември ќе отпочнеме со изградба и во Дебар, Велес и Гевгелија”, изјави директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката, Кристијан Трајковски. 

Градоначалникот на општина Неготино потенцираше дека ова е огромно значење за социјално ранливите семејство во општината и дека локланата власт ќе продолжи со преземање на социјални мерки се со цел да им се помогне на сите ранливи категории на граѓани.

За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube