Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Увид во рехабилитацијата на регионалниот пат Струмица - Ново Село
16.08.2019

„Фокусирани сме на унапредување на граничните премини и имаме за цел да го олесниме транспортот, да овозможиме функционален, брз и безбеден превоз на стока и патници и да ги зголемиме меѓународните трговски размени. Во таа насока, силно сме посветени на подобрување на патната мрежа која нè поврзува со соседните земји“, истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески при денешниот увид во рехабилитација на регионалниот пат Струмица – Ново Село.

Регионалниот пат Струмица – Ново Село се рехабилитира во должина од 12,3 километри, а вредноста на инвестицијата е во висина од 1,8 милиони евра.

Во изјава за медиумите, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески истакна дека планирана е изградба на експресен пат на овој правец од Струмица до границата со Бугарија, со што ќе се забрза и олесни транспортот и економски ќе се зајакне Југоисточниот регион.

„Покрај рехабилитацијата на патниот правец Струмица – Ново Село, сакам да истакнам дека го завршивме и патот Берово – Клепало, го реконструиравме патот кон граничниот премин кај Делчево, го рехабилитиравме регионалниот пат Делчево-Пехчево, привршуваме со рехабилитацијата на патниот правец Берово-Виница, а исто така обезбедивме финансиски средства за патниот правец Крива Паланка-Деве Баир и очекуваме во најбрз рок да започнеме со реконструкција. Практично, ако тргнете од Скопје кон Истокот или Југоистокот, го изградивме автопатот до Штип, интензивно работиме на експресниот пат Штип-Радовиш, еве го рехабилитираме и патот од Струмица до Ново – Село, така што имаме брза врска до цел регион, што е од огромно значење за економски раст на земјата и овој регион, за унапредување на транспортот и за поврзување со источниот сосед“ - изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. 

Министерот Сугарески додаде дека капиталните инвестиции, кои само во овој регион моментално се во вредност од преку 100 милиони евра, ќе продолжат да растат и во следниот период, а Владата и понатаму посветено ќе работи на создавање услови за развој на земјата, поквалитетен живот на граѓаните и унапредување на соработките со земјите од регионот.

Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов истакна дека патиштата во овој регион беа заборавени со децении.

„Граѓаните на овој регион во минатото слушаа многу ветувања, кои не беа исполнети. Ние ги реализираме ветувањата кои ги дадовме пред народот. Покрај изградбата на нови патишта не смеат да се заборават веќе постоечките, како што тоа било случај порано. Затоа во следниот период продолжуваме со рехабилитација и реконструкција на патната мрежа низ целата држава, со вкупна должина од околу 450 километри.“ – изјави директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов.

 Според градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, рехабилитацијата на овој регионален пат е од големо значење за жителите на Струмица и околината, како и за економски раст на регионот.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube