Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Целосно се реконструира патната мрежа во Источниот регион
04.09.2019

„ Инвестираме преку 330 милиони евра во изградба и рехабилитација на патната мрежа во Источниот регион, рехабилитираме преку 30 регионални и магистрални патишта и градиме преку 90 километри експресни патишта“, истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески при денешниот увид во рехабилитација на обиколницата на Кочани.

Проектот за рехабилитација на обиколницата на Кочани е во вредност од 1,67 милиони евра, а се очекува да се заврши до крајот на месец октомври.

Во изјава за медиумите, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески истакна дека градежните работи се одвиваат со силно темпо и речиси целата патна мрежа во Источниот регион е веќе рехабилитирана.

„Покрај рехабилитацијата на обиколницата на Кочани, како дел од Коридор 8 го завршивме автопатот Миладиновци-Штип, во завршна фаза е изградбата на експресниот пат Штип-Крупиште, а започнавме и со изградба на втората фаза од експресниот пат, делницата Крупиште-Кочани. Исто така го унапредивме пристапот кон граничните премини кон Бугарија. Регионалните патни правци во делот на Берово и Делчево се веќе рехабилитирани, а завршивме и со реконструкциите на патните правци кај Пробиштип и Злетово. Покрај рехабилитацијата на регионалниот пат Берово – Виница, значајно за развој на туризмот во овој регион е што го рехабилитиравме патот кон Пониква, така што, морам да нагласам дека имаме една силна активност и се залагаме за развој на овој регион, зашто сите знаеме колку долго беше заборавен“ - изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Министерот Сугарески додаде дека заложбите за унапредување на патната инфраструктура ќе продолжат и во наредниот период, а Владата ќе остане посветена на создавање услови за економски развој и конкурентност на секој од регионите, поквалитетен живот на граѓаните, брз и безбеден транспорт и подобро регионално поврзување.

Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов истакна дека обиколницата на Кочани е доста значајна за овој дел на државата, затоа што продолжува кон граничниот премин со Бугарија.

„Обиколницата со должина од 6 километри и ширина од 7 метри, ќе биде комплетно рехабилитирана до крајот на следниот месец. Со завршувањето на рехабилитацијата на патните правци во Малешевијата, слободно можам да кажам дека нема регионален пат во Источниот регион кој не е рехабилитиран. Продолжуваме и понатаму со унапредување на патната инфраструктура во државата. Дел од рехабилитациите завршуваат во текот на овој и следниот месец,  а ЈП за државни патишта веќе отпочна со нови јавни повици, од кои 7 завршија изминатата недела, а во следниве десет дена ќе бидат објавени уште 8 нови тендери. Уште еднаш ќе истакнам, ова е прв пат да се рехабилитира 550 километри патна мрежа за само една година.“ – изјави директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов.

Според градоначалникот на општина Кочани, Николчо Илијев, рехабилитацијата на обиколницата, покрај автопатот Миладиновци – Штип и експресниот пат кој се гради од Штип до Кочани, ќе придонесе за економски развој на регионот и за подобрување на животот на граѓаните.

Градоначалникот Илијев додаде и дека со реконструкцијата на патниот правец Кочани-Пониква се создале можности за развој на туризмот и истакна дека имаат најави за неколку сериозни инвестиции во изградба на хотели и угостителски објекти.

 



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube