Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Сугарески се сретна со Кун Дејвидсе, новиот извршен директор на Светска банка
12.03.2019

Соработката на Република Северна Македонија со Светска банка во наредниот период ќе се продлабочи, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на средбата што ја имаше со новиот извршен директор во Светска банка, Кун Дејвидсе кој е во дводневна посета на нашата земја. На средбата што се одржа во Министерството за финансии, покрај министерот Тевдовски учествуваа и министрите за економија Крешник Бектеши, за здравство Венко Филипче, за транспорт и врски Горан Сугарески, за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за образование и наука Арбер Адеми и Санела Шкриељ, шеф на кабинет во Министерството за труд и социјална политика.

Министерот Тевдовски истакна дека соработката ќе се фокусира во продолжувањето на реализацијата на тековните проекти, како и започнување со имплементација на нови проекти предвидени со новата Стратегија за соработка за периодот 2019-2023 година (Country Partnership Framework 2019-2023).

Соработката на нашата земја со Светска банка трае од 1993 година и до сега се финансирани проекти во вредност од над 2 милијарди долари. Во наредните четири години Светска банка ќе и стави на располагање на нашата земја околу 400 милиони долари.

На средбата што се одржа во Министерството за финансии, покрај министерот Тевдовски учествуваа и министрите за економија Крешник Бектеши, за здравство Венко Филипче, за транспорт и врски Горан Сугарески, за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за образование и наука Арбер Адеми и Санела Шкриељ, шеф на кабинет во Министерството за труд и социјална политика.

– Со новата стратегија за периодот од 2019 до 2023 година ќе се вложат значајни средства во подобрување на конкурентноста на економијата во нашата земја и за постигнување инклузивен и одржлив раст. Тоа може да се постигне преку вложувања во инфраструктурата, подобрување на конкурентноста на приватниот сектор, заштита на најранливите категории, вложувања во човечки капитал, како и зајакнување на институциите и одржливоста на јавните финансии, рече министерот Тевдовски.

Станува збор за проекти од повеќе области, како транспорт и врски, здравство, социјална заштита, труд и социјала, информатичко општество и администрација, образование и наука, животна средина, финансии и земјоделство.

Извршниот директор во Светска банка Дејвидсе нагласи дека посветено ќе работи да се реализираат зацртаните цели. Тој додаде дека нашата земја е пример како решавањето на политичките прашања може да ги отвори процесите за членство во НАТО и за отпочнување на  преговорите со Европската унија и дека тоа ќе придонесе за економски напредок на земјата.

извор: Министерство за финансии





За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube