Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Сугарески: Засилени се градежните работи на терен, капиталните инвестици драстично ќе се зголемат во вториот и третиот квартал.
13.05.2019

Во моментов се работи на преку триесетина патни правци, градежните акивности се засилени и очекувам дека во вториот и третиот квартал ќе имаме драстично зголемување на катпиталните инвестиции, истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески при денешната посета во Злетово.

Тој заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов извршија увид во реконструкција на патниот правец Злетово-Пробиштип.  

Министерот Сугарески потенцираше дека во овој период се реализира засилена градежна офанзива во изградба и реконструкција на патишта, изградба на железници како и изградба на гасоводот.

“Градежните работи на речиси сите капитални проекти ги засиливме како никогаш претходно. Најавивме силна економска година и таква ќе ја оствариме. Очекувам веќе овој квартал да го зголемиме процентот на реализација на капиталните инвестиции. Со силно темпо работиме на изградба и реконструкција на патната инфраструктура. Дополнително во моментов се работи и на проектирање на други патишта, ако се создадат услови и годинава, ЈПДП ќе распише тендери за реконструкција.

Интензивирани се и градежните работи на железницата кон Бугарија, a непрекинато се работи и на изградба на гасоводната мрежа.  Генерално се работи интензивно, не очекува долга градежна сезона така да сите планирани проекти очекуваме да ги реализираме”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов истакна дека интензивно се работи на започнатите патни правци во сите општини. Дополнително се очекува оваа година да се започне со реконструкција на други патни правци кои се планирани со програмата на ЈП за државни патишта.

“Денеска извршивме увид во реконструкција на регионалниот пат од Злетово до Пробиштип, еден од многуте патни правци што ги работиме. Рехабилититраме 17 километри и веќе 30 проценти од патот е завршен и очекувам за кратко време тој да биде готов. Важно е што жителите на Злетово после неколку децении ќе добијат нов пат. И не само тоа, овде во регионот се реконструираат и уште неколку патишта, на пример обиколница Кочани, потоа патот до Крупиште што значи еден преку 35 километри патна мрежа.   Уште поважен е фактот што во секоја општина во државата се вршат реконструкции на минимум два до три патишта и со такво засилено тепмо ќе продолжиме да работиме”, изјави Зоран Китанов, директор на ЈП за државни патишта.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube