Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Сугарески: Во Дојран комплетно ја рехабилитираме патната мрежа за престојната туристичка сезона.
26.02.2020

Како што ја завршивме минатата година во ресорот Транспорт со одлична реализација на инвестициите, така ја започнавме и оваа градежна сезона која започна многу порано и каде уште на стартот имаме одлична динамика во изградба и санација на целокупната инфраструктура со која менаџираме, истака министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешната посета во општина Дојран.

Министерот Сугарески заедно со градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов, извршија увид во рехабилитација на  државниот пат Раброво- граничен премин Дојран.

Инвестицијта е вредна 830 илјди евра, средства обезбедени од ЈП за државни патишта.

Министерот Сугарески потенцира дека капиталните инвестиции во секторот гасификација, во комуналната, патната и железничката инфраструктура  и оваа година се работат со силна динамика и се очекува високо ниво на реализација.

“ Околу 200 милиони евра инвестиции во патишта, нови проекти во гасификацијата, преку 30 нови проекти за водоводи и канализации. Оваа година ја започнавме со силно темпо. Денеска извршивме увид на рехабилитација на овој значаен патен правец, посебно значаен бидејќи го поврзува граничниот премин кон соседна Грција и од тој аспект обезбедуваме квалитетно регионално поврзување. Овој дел на државата е значаен посебно заради развој на туризмот и токму нашите залагања е да обезбедиме подобри услови во патната и комуналната инфраструктура, се со цел да го подигнеме квалитетот на услуги што ги нуди Дојранскиот регион.  Инвестираме повеќе од 3 милиони евра само во реконструкција на патната мрежа. Дополнително со проектот за локални патишта што го работиме преку министерството, на Дојран му обезбедивме околу 600 илјади евра за изградба и санација на локалните улици, така да генерално патната мрежа целосно ја обновуваме”, изјави Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Според директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов, рехабилитацијата на овој патен правец ќе заврши до крајот на месец април, почетокот на месец мај.

“ Рехабилитацијата на овој пат ја започнавме во ноември минатата година. Го поделивме на четири дела заради поефикасна работа и веќе првиот дел е завршен. Интензивно се работи на асфалтирање на делот од  Стар до Нов Дојран, па следува делот до граничниот премин. Очекуваме мајските празници оваа делница да биде подготвена за туристите, а од друга страна да ја подигнеме безбедноста во сообраќајот. Денеска се асфалтираат и последните метри од делот од Смоквица до Богданци, а морам да најавам дека проектот за обиколница Богданци е завршен и следува тендерирање”, изјави директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов.

Според градоначалникот на општина Дојран, овие инвестици ќе придонесат за развој на туризмот и подобрување на услови го општината. Тој додаде дека преку проектот за локалани патишта ќе се реконструитраат и три патни правци во населените места Фурка,  Црничани и Николич.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube