Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Сугарески: Опточнавме со изградба на комуналната инфраструктура во зоната Визбегово за да привлечеме нови инвеститори
17.07.2019

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски, денеска извршија увид во изградба на канализациониот систем за индустриската зона Визбегово.

Министерот Сугарески потенцираше дека изградбата се одвива со одлична динамика и дека ова е најзначајниот проект за зоната Визбегово, бидејќи тоа е услов за подобрување на работата на сите инвеститори.

“Предвидено е да се изгради околу 7 километри метри водоводна мрежа и околу 5 километри канализација  во индустриската зона Визбегово. Во прва фаза започнавме со изградба на водоводната мрежа каде планираме да ја завршиме до февруари најдоцна до март следната година.

Додека за изградбата на канализацијата, тендер ќе распишеме во месец август или почеток на септември оваа година. Тоа што е важно е фактот што го исполнуваме  ветувањето што го дадовме пред бизнисмените кои работат во зоната. Знаеме колку е важно да се изгради водоводот и канализацијата. Со него не само што ќе овозможиме подобри услови за работа на постоечките компании, туку ќе создадеме услови да се изградат нови фабрики и да се отворат нови работни места”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски потенцираше дека ова е прва фаза од уредување на зоната. Откако ќе се изгради комуналната инфраструктура, општината ќе започне и со реконструкција на патната инфраструктура во зоната.

“Во зоната имаме 220 фирми кои активно работат, имаме и десетина нови барања од компании. Очекуваме со изградбата на инфраструктурата додополнително да привлечеме нови инвеститори”, изјави Велимир Смилевски, градоначалник на опшптина Бутел.

Проектот за изградба на канализациониот систем во зоната Визбегово е вреден 1,8 милиони евра. Рокот на завршување е месец февруари идната година.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube