Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Сугарески: Нема да има селективност при уривање на дивоизградени објекти во Охрид и Струга
06.07.2020

„Законот е еднаков за сите и нема да се применува селективност при уривање на дивоизградените објекти во Охрид и Струга“ – истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешната работна посета на општина Охрид.

Тој потенцираше дека инспектори од Државниот градежен инспекторат уште од почетокот на изминатата недела се на терен и вршат масовни контроли на Охридско-Струшкото крајбрежје.

При посетата на Охрид министерот Сугарески во придружба на градоначалникот Константин Георгиески изврши увид во градежните работи за реконструкција на водоводна и канализациона мрежа на ул. „Абас Емин“ во Охрид.

Проектот е во вредност од 466 376 евра и предвидува реконструкција и изградба на околу 4 километри водоводни и канализациони линии.

„Како министерство особено сме задоволни што овозможуваме огромна поддршка на општините за реализација на проекти од огромно значење за граѓаните, па затоа низ текот на овие години силен фокус ставивме на подобрување на комуналната инфраструктура во општините, преку изградба и реконструкција на водоводи и канализации. Токму овој проект е резултат на заедничка соработка меѓу централната и локалната власт. Исто така, сакам да истакнам дека заедно со ЈП за државни патишта го реконструираме и транзитот низ Охрид, завршивме со стариот пат за Струга, годинава започнуваме со реконструкција и на патниот правец до Ќафасан, во меѓувреме работиме на изградбата на автопатот Кичево–Охрид, а рехабилитиравме и неколку регионални патни правци во Струшкиот регион. Дополнително работиме и на рехабилитација и санација на локалните патишта и улици, за што општина Охрид преку Министерството за транспорт и врски доби на располагање 1 милион евра. Генерално имаме силна реализација на капитални инвестиции во овој регион и верувам дека овие проекти овозможуваме подобар живот за граѓаните и услови за развој на општините“ – изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Сугарески додаде дека капиталните инвестиции во ресорот Транспорт ќе продолжат и во следниот период да се одвиваат со силно темпо и нагласи дека ќе биде реализирано сè она што во Владината програма е предвидено за оваа година.

Градоначалникот Георгиески истакна дека станува збор за доста значаен проект со кој се решава еден горлив проблем на граѓаните кои живеат во овој дел на градот.

„Веднаш по завршувањето на реконструкцијата на водоводните и канализационите линии следува тампонирање и асфалтирање на улицата во два слоја, а како што тече изградба на комуналната мрежа, така службите на нискоградба и водовод паралелно прават и приклучоци на новата мрежа“ – изјави градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube