Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Сугарески: Министерството за транспорт и врски инвестира преку 3 милиони евра за локални патишта и улици во Прилеп и околните општини
17.07.2020

„Инвестициите во Прилеп и Прилепскиот регион не застануваат без разлика на состојбите што беа и оние што следуваат. Само во моментов, во овој крај инвестираме преку 80 милиони евра за изградба, рехабилитација и реконструкција на патишта. За санација на улици и унапредување на локалната патна мрежа во Прилеп, Долнени, Кривогаштани и Крушево, Министерството за транспорт и врски обезбеди преку 3 милиони евра“ – истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој денеска заедно со градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски изврши увид во рехабилитацијата на регионалниот пат Лагово-Штавица-Витолиште.

Проектот за рехабилитација на патниот правец Лагово-Штавица-Витолиште е во вредност од 650 илјади евра.

„Независно од здравствената криза со која се соочуваме и изборниот процес кој штотуку заврши, инвестициите во Прилепскиот регион се реализираат како никогаш досега. Денеска заедно со градоначалникот сме повторно во Мариовскиот крај, каде  извршивме увид во градежните работи на патниот правец Лагово-Штавица-Витолиште. На почетокот на овој месец започнавме со асфалтирање на патот, градежните работи за рехабилитација на 9 километри пат се во тек и се одвиваат со силно темпо. Проектот е од големо значење за жителите на овој крај и со него имаме за цел не само да ги подобриме условите за живот на локалното население, туку и да го заживееме Мариово и да создадеме можности за развој на туризмот, унапредување на земјоделството и економски раст. Во таа насока, покрај рехабилитацијата на овој патен правец, работиме и на следниве патишта: Богомила-Црилиште, Лажани-Житоше, Крушево-Слива-Пуста Река и патот до Норово. Завршува рехабилитацијата на делницата Дреново-Фариш. Започнавме со подготвителни работи за рехабилитација на патот Кадино Село-Галичани, а следува рехабилитација на патните правци  Фариш - Прилеп и Кривогаштани - Крушево. Исто така наскоро започнуваме со изработка на проект за санација на свлечиштето кај село Славеј, на делницата од Прилеп кон Кривогаштани. Но морам да напоменам дека не ја забораваме ни локалната патна мрежа и во меѓувреме работиме на реконструкција и санација на локалните патишта и улици во општините во овој регион, за што инвестираме преку 3 милиони евра“ – изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Тој додаде дека во меѓувреме активно се работи на подобрување на комуналната инфраструктура и изградбата на магистралниот гасовод Неготино-Прилеп-Битола, со цел да се овозможи подобар живот за сите кои живеат и работат во регионот.

На крај, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески истакна дека во тек се подготовки за изградба на нова социјална зграда во Прилеп, со што ќе се овозможи пристоен дом за голем број на социјално ранливи семејства.

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски нагласи дека во интерес на граѓаните, градежните работи се одвиваат со силна динамика и очекува до крајот на оваа градежна сезона рехабилитацијата на патната делница од Прилеп до Витолиште да биде завршена.

„Овој регионален пат е од огромно значење за граѓаните и верувам дека со подобрување на условите на патот значајно ќе придонесеме за унапредување на земјоделството, сточарството и пчеларството, но и ќе создадеме услови за развој на туризмот во овој крај, кој изобилува со природни убавини“ - изјави градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube