Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Сугарески-Китанов: Работиме на преку 300 киломтери патна мрежа
19.07.2019

Патната и железничката инфраструктурата и изградбата на гасификацијата се приоритет број еден на оваа Влада. Тоа го потврдува и фактот што инвестираме преку милијарда евра во изградба на патишта, железница и гасоводот, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешната посета на општина Ранковце.

Тој заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов и градоначалникот на општина Ранковце, Ивица Тошевски, извршија увид во реконструкција на регионалниот пат Ранковце-Крива Паланка. 

“Денеска сме присутни да извршиме увид во реконструкција на овој патен правец Ранковце-Крива Паланка, кој е многу значаен за целиот овој регион. Инвестицијата е 2,6 милиони евра. Овде минува европскиот Коридор 8, за нас стратешки патен правец кој дополнително ќе не поврзе со соседите и ќе ни овозможи економски развој на земјата а посебно развој на економијата на овој регион. Она што е многу важно е дека максимално се работи на капиталните инвестиции насекаде низ државата.  Генерално имаме преку 34 % реализација во патиштата, преку 48 % во гасоводот, во делот на комуналната сфера исто така има силен интензитет на реализација, така да реално очекувам во третиот и четвртиот кваратл да имаме силен скок на капиталните инвестиции”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов истакна дека во моментов се работи на преку 300 километри патна мрежа, а до крај на годината ќе се завршат преку 550 километри патна мрежа.

“Овој пат планираме да го завршиме и пред роковите односно до крај на годината. Исто така ќе го реконструираме и од правец од Куманово до Ранковце во должина до 30 километри. Првите 15 километри ќе се реализираат со средства од ИПА, останатите 15 километри ќе се тендерираат во месец август и со изградба ќе започнеме во месец септември. Со тоа целосно ќе го обновиме Коридорот 8. Сакам да нагласам дека во овој регион се работи на околу 120 киломтери патишта“ изјави Зоран Китанов, директорт на ЈП за државни патишта.

Според градоначалникот Тошевски, реконструкцијата на овој регионален пат е од особено значење посебно за регионалното поврзување со Бугарија.

За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube