Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Сугарески: Инвестираме преку 80 милиони евра во кумановскиот регион за подобрување на животот за граѓаните
16.12.2019

Само во Куманово и кумановскиот регион инвестираме преку 80 милиони евра во реализација на крупни капитални проекти во патишта,  железници и во изградба и реконструкција на канализации и водоводи кои треба да донесат економски развој во регионот, нови вработувања и подобар живот за граѓаните, истакна министерот за трнспорт и врски Горан Сугарески, при денешната работна посета во Куманово. 

Во пресрет на владината седница што треба ќе се оддржи во Куманово, министерот Сугарески заедно со директорот на ЈП за државни патишта и градоначалникот на општина Куманово, направја обиколка на инфраструктурните проекти шо се реализираат во ресорот транспорт.

“ Инвестираме преку 26 милиони евра во реконструкција на патната мрежа. Завршивме неколку патни правци многу значајни за овој регион,  исто така многу значаен правец кој ќе го почнеме идната година е патот до Страцин, инвестиција од 15 милиони евра. Понатаму инвестираме во изградба на железницата кон Бељаковце, инвестиција од 47 милиони евра. Сакам да информирам дека до крај на годината очекуваме ЕУ да ни одобрат неповратни средства за изградбата на заедничката железника станица со Србија, која ќе се гради кај Табановце. Проектите се комплетно завршени, очекуваме средствата да ни ги одобрат и да распишеме тендер за изградба на станицата.  И според мене најважната работа во која инвестираме е изградбата на водоводи и канализации, проекти со кој директно го подобруваме животот на граѓаните. Имаме неколку активни проекти во кумановскиот регион а веќе подготвуваме и нови проекти за следната година”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов истакна дека патниот правец Куманово - Свети Николе е рехабилитиран во цела должина од 42 километри што претставува важна патна врска од граѓаните од Истокот со Република Србија.

“Ги завршивме патните правци од Куманово до Опае, до Никуштак и до Пелинце, проекти што стоеле недопрени со години. Исто така патот кон Крива Паланка половина е рехабилитиран и очекувам до напролет и тој да биде завршен. Тоа ште е важно за неколку дена завршува изборот на компанија што ќе ги рехабилитара патот до Страцин, со што во 2020 година целосно ќе биде рехабилитиран патниот правец Куманово - Страцин. За десетина дена ќе отпочнеме и со изградба на трета лента на патниот правец од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир така да веќе следната година од Куманово до Деве Баир ќе имаме комплетно рехабилитирана патна врска”, изјави Зоран Китанов директор на ЈП за државни патишта.

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски потенцираше дека општина Куманово најде партнер во реализација на големи инфраструктурни проекти.

“ Во изминативе деветнаесет месеци со право можам да кажам дека во Куманово се реализираат многу проекти во инфраструктурата. Со самата реконструкција на овие регионални патишта добиваме добра конекција меѓу општините и поврзувањето на регионите заедно. Северноисточниот регион е најслабо развиен плански регион и денеска на владината седница ќе ги разгледаме перспективите за овој регио. Верувам дека овој позитивен тренд на инвестиции во инфраструктурата ќе продолжи и во наредниот период”, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на општина Куманово.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube