Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Сугарески: Градиме станови за 36 социјално ранливи семејства во Виница
15.06.2020

“Од држава во која долго време граѓаните беа на последно место, во текот на овие три години, креирајќи социјални мерки за извлекување на илјадници семејства од зоната на сиромаштијата, успеавме да создадеме држава во која животот и благосостојбата на граѓаните е врвен приоритет. Оваа година инвестираме преку 3 милиони евра во изградба на социјални згради и градиме 506 станови во 5 општини” - истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешната работа посета на Виница, каде заедно со директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката, Кристијан Трајковски и градоначалникот на општина Виница Ивица Димитров извршија увид во изградба на социјална зграда. 


Проектот е со вредност од преку 1 милион евра и предвидува изградба на зграда со вкупно 36 станбени единици, наменети за социјално ранливите категории на граѓани во општина Виница.

“Покрај крупните капитални проекти што ги работиме насекаде низ државата, максимално сме фокусирани на решавање на статусот на социјално загрозените лица на кои по разни основи не им е решено станбеното прашање. Наша обврска е да создаваме услови за сите овие лица да добијат кров над глава, сигурност и подобри услови за живот. Затоа интензивно работиме на мерки и политики кои значат подобрување на социјалната положба на ранливите категории. Со изградба на оваа зграда, овозможуваме пристоен дом за 36 семејства во Виница. Сакам да истакнам дека оваа година, во соработка со АД за станбен и деловен простор, максимално сме посветени на  обезбедување кров над глава на најранливите групи на граѓани и само во моментов градиме преку 500 станови во Неготино, Пробиштип, Бутел, Виница и Свети Николе, додека во меѓувреме активно работиме на подготовка за изградба на нови згради во уште неколку други општини. Граѓаните се наш врвен приоритет и со ваквите политики продолжуваме и во наредниот период” - изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. 

Министерот Сугарески додаде дека во тек е силна градежна сезона, активно се работи во сите региони на државата и се реализираат преку една милијарда евра капитални инвестиции, а градежната офанзива продолжува и понатаму. 

Според директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката, Кристијан Трајковски, согласно динамиката на градежните работи, се очекува изградба на овој социјален станбен објект да заврши и пред предвидениот рок од 18 месеци.

„Изградбата на социјалната зграда во Виница се одвива со силен интензитет. Веќе сме во подготовки да започнеме со реализација на нови проекти од овој вид. Во тек се сите постапки за јавни набавки и очекувам до крајот на месецот да бидат избрани Изведувачи за уште 4 до 5 социјални станбени објекти и веднаш потоа да започнат градежните активности за изградба на нови социјални станови. Но не застануваме тука, предвидовме нов пакет на финансиски средства и за година и половина, најдоцна две години, ќе бидат отворени околу 13 нови градилишта каде со силен интензитет ќе се градат нови социјални станбени објекти“ – изјави директорот на АДСДП, Кристијан Трајковски.

Градоначалникот на општина Виница, Ивица Димитров, истакна дека покрај изградбата на социјалната зграда, со поддршка на Министерството за транспорт и врски во општината се реализираат поголем број на проекти, како во патната, така и во комуналната инфраструктура, со што во голема мера се подобрува квалитетот на живот на жителите на Виница.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube