Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Сугарески: Градиме нов водовод во Радовиш, веќе нема да има рестрикции на вода
18.09.2019

„Реализираме еден приоритетен проект за Радовиш со кој ќе обезбедиме константна и навремена дистрибуција на вода до граѓаните. Проектот е со вредност од 860 илјади евра и предвидува изградба на цевковод и резервори за вода во неколку населени места во општината“, истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески при денешната посета на општина Радовиш, каде заедно со градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов извршија увид во изградбата на водоводна мрежа и резервоари за вода. 

Според Договорот, изградбата на водоводот треба да биде завршена во март 2020 година.

Проектот се реализира со поддршка на КФВ банката и буџетски средства, а покрај Радовиш, опфаќа подобрување на водоснабдувањето и во Кавадарци, Гевгелија и Гостивар и е со вкупна вредност од 13,8 милиони евра.

Според министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески општина Радовиш е избрана да влезе во проектот поради огромната потреба на граѓаните да бидат снабдени со квалитетна и константна диструбуција на вода.

„Јас, како министер, особено се залагам за реализација на проекти за изградба и подобрување на комуналната инфраструктура, бидејќи не  можам да прифатам граѓаните да немаат аоодветно водоснабдување и канализација во 21 век. Очекувам со изградбата на овие резервоари водата констатно да биде достапна до сите домаќинства и ги уверувам граѓаните да бидат спокојни, бидејќи ќе им се реши еден горлив проблем со кој се соочувале со години, нема да има повеќе рестрикции на вода“ - изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. 

Тој потенцираше дека Владата е максимално посветена на развојот на Источниот и Југоисточниот регион и притоа ги спомена инвестициите кои се реализираат во патната инфраструктура.

„Во овој регион интензивно работиме на изградба на експресниот пат Штип-Радовиш, завршивме со реконструкција на регионалниот пат Штип-Радовиш, како и со реконструкција на патните првци од Радовиш до Подареш и Конче. Исто така, започнавме и со реконструкција на делницата од Радовиш до Струмица, со што сите државни патишта кои гравитираат околу Радовиш ќе бидат рехабилитирани. Најавивме економска година, интензивно работиме на реализација на инфраструктурни проекти, а резултатите се веќе видливи“ – изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Градоначалникот на општина Радовиш, Герасим Конзулов, истакна дека на средбата со министерот Сугарески разговарале за инфраструктурните проекти кои се реализираат во општината со поддршка на централната власт, но и за проекти кои општината ги спроведува самостојно.

„Со сите проекти кои се реализираат во општината и сите кои се планирани да започнат, граѓаните на Радовиш можат да бидат сигурни дека не се заборавени. Имаме огромна поддршка од централната власт за реализација на крупни капитални проекти и заеднички работиме за подобар живот на граѓаните. Нашата општина влезе во проектот за изградба на локални патишта, со што од Министерството за транспорт и врски ќе добиеме поддршка во висина од преку 1 милион евра кои ќе бидат наменети за изградба на локални патишта на места каде до денес немаше начин да стигне освен со трактор“ – изјави градоначалникот на општина Радовиш, Герасим Конзулов. 

При посетата на општина Радовиш, министерот Сугарески оствари работна средба и со пратеничката Милева Ѓоргиева и претседателот на Советот на општина Радовиш, Коле Чаракчиев.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube