Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Сугарески –Танасоски: Од утре нови процедури за влез и излез од земјата за транспортните компании
23.03.2020

Транспортот на стока се нормализира, воведени се и нови процедури за превоз на стока како во домашниот така и во меѓународниот транспорт согласно настанатата состојба, информираа денеска на прес конференција министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски.

Министерот Сугарески информираше дека е постигнат договор со сите надлежни институции за тоа, секоја транспортна компанија за влез и излез од земјата од утре мора да поседува дозвола која се однесува на професионални возачи на товарни возила а која ќе ја издава Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

“ Овие нови процедури се воведуваат за непречено одвивање на меѓународниот транспорт на стока.  За да нема застој,  ги упатуваме транспортните компании дозволите да ги вадат и преку Асоцијациите на транспортери. Исто така утврдени се и нови процедури за постапување во синџирот на утовар - растовар и превоз на стока во внатрешниот сообраќај. Овие процедури се однесуваат на работењето на магацинските делови за прием и испорака на стока, на царинските и граничните премини, на шпедитерските услуги и директно на возачите што го вршат превозот на стока во внатрешниот и меѓународен сообраќај”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Министерот потенцираше дека на компаниите на располагање им стои и целиот капацитет на  железнички транспорт.   

Тој информираше и за тоа дека запазени се сите мерки и ограничувања во делот на превозот на патиници. Во однос на градежниот сектор, министерот истакна дека се очекува намалување на градежната активност заради настаната состојба но и дека нема голем застој во реализација на капиталните проекти.

Директорот на Царинската управа информираше дека движењето на стока продолжува непречено да се спроведува и дека се преземени сите  мерки за олеснување на царински постапки.

“Имено, за времетрање на полицискиот час дозволено е движење на транспортни средства во рамките на тразнитна постапка со транзитен придружен документ Т1, извоз на стоки со извозен придружен документ EXMK, како и зедничко извозно транзитна постапка.  Превозниците кои се движат во рамките на поедноставена постапка во транзит и поедноставена постапка, локално царинење при увоз не смеат во никој случај да ја напуштат одобрената локација за времетрање на полицискиот час. Ова ослободување од ограничување важи за царинските испостави: Табановце, Блаце, Деве Баир, Ќафасан, Делчево, Ново Село, Богородица и Меџитлија. Во рамки на ЦЕФТА, заедно со Транспортниот секретаријат на ЕУ и Европската комисија се договораат  протоколи за лесно и безбедно движење на стоките. Договорено е воведување на размена на информации пред пристигнување и соодветно  зелен и син канал за побрз проток на определни стоки и оелснување на транспорт”, изјави директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски.

Тој истакна дополнителни мерки за олеснување на царинското работење потенцира дека на предлог на Министерството за економија и на Царинската управа ќе се донесе  одлука ослободување на плаќање на царина за средства за дезинфекција, заштитни маски и ракавици, заштитни очила, медицинска опрема.

 



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube