Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Средба Сугарески - Спирцис: Ќе реализираме заеднички проекти и ќе ги поедноставиме постапките за побрз транспорт на стоки и услуги меѓу двете земји.
21.03.2019

Регионалниот развој, ново железничко поврзување меѓу Република Северна Македонија и Република Грција како и зголемување на бројот на авиолиниите меѓу двете земји беа темите на разговор на средбата меѓу министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и министерот за транспорт и инфраструктура на Република Грција, Хростос Спирцис, која се оддржа денеска во министерството за транспорт и врски.

На средбата министерот Сугарески истакна дека Грција е наш економски партнер, како и голем поддржувач во нашите интегративни евроатлански и европски процеси. Овие заеднички средби и состаноци се во духот на продлабочување на соработката меѓу двете земји и во полето на транспортот и услугите, потенцираше министерот Сугарески.

“На разговорите фокус ставивме на развој на железничкото поврзување, конкретно на рехабилитација на останатиот дел од пругата на Коридор 10, како и новото поврзување од Битола до граничниот премин Меџитлија.

Веќе сме во интезивни разговори за потпишување на Спогодбата за регулирање на железничкиот граничен сообраќај. Со потпишување на овие Спогодби кои се надевем дека ќе бидат во скоро време, ќе се овозможи спроведувањето на граничните процедури на полицијата и царината како и на другите инспекциски служби да се вршат од едно место и тоа на преминот Гевгелија-Идомени, со заедничка гранична зграда во Гевгелија, а на граничниот премин Кременица -Неа Кафкасос, со заедничка гранична зграда во Неа Кафкасос.  Понатаму разговараме за заеднички инвестиции во железницата на Коридор 10. Исто така на средбата го отворивме и прашањето за зголемување на авиолиниите меќу двете земји. Пред извесен период се воведе линијата Скопје-Атина, но веруваме дека постојат можности за дополнително воспоставување и на други линии како до Скопје така и до Охрид и на тој начин да се зајакнат економските врски и комуникацијата меѓу нашите два народи” изјави министерот за транспорт и врски Готан Сугарески.

На средбата се разговараше и за инвестициите во патната инфраструктура. Министерот Сугарески информираше дека на Коридорот 10 се реализираат инвестиции во модернизација на патиштата.  Ова е од особено значење и за двете земји потенцираше министерот, со оглед на транспортот на стока и патници што транзитира низ нашата земја, за кои крајна дестинација е Грција или пак го користат Кориорот 10 за излез на Европскиот пазар.  

Нашата визија е да овозможиме брз проток на стока и патници, истакна пред медиумите, министерот за транспорт и инфраструктура на Република Грција, Христос Спирцис. Имаме концепт со минстерот на Република Северна Македонија и само треба да го реализираме, потенцираше грчкиот министер.

“Треба да свртиме нова страна и да се фокусираме на развојот. Овој пат се отвори со потпишување на договорот во Преспа. Знаeме каква одоговорност носат двете министерства и затоа треба да пoбрзаме со потпишување на договорите за брз проток на стока. Договорите опфаќаат тесна соработка во патниот и железничиот сообраќај и воздухопловството. Исто така Грција ќе овозможи помош за  прием на Република Северна Макеоднија во Европските меѓунродни организации поврзани со патниот и железничкиот сообраќај, изјави министерот за транспорт и инфраструктура на Република Грција,  Христос Спирцис.

Двајцата министри се согласија дека ќе ги интензивират ваквите средби се со цел заедничка реализација на регионалните проекти што е од големо значење за двете земји.  



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube