Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Средба Сугарески - Брахос: Очекуваме заеднички инспекциски служби на железничките гранични премини
28.02.2019

Ве информираме дека министерот за транспорт и врски Горан Сугарески оствари работна средба со Јоанис Брахос, генерален секретар на Министерството за надворешни работи на Грција за меѓународни и економски односи.

На средбата се разговараше за придобивките од Договорот од Преспа, како и за  регионалните инфраструктурни проекти што ќе се реализираат меѓу  Република Северна Македонија и Грција.

Министерот Сугарески ја потенцираше важноста од изградбата на пругата од Битола до Кременица заради регионално поврзување и овозможување на побрз транспорт на стока и патници.

Тој побара од грчката страна во следниот период да се финализира текстот на Спогодбите за утврдување на граничните процедури на железничките премини, Гевгелија-Идомени и Кременица-Неа Кафкасос се со цел формирање на заеднички гранични инспекциски служби.

“ Kако една од позначајните активности кои очекуваме да биде реализирана во следниов период е финализирање на текстот на Спогодбите за утврдување на граничните процедури за двата железнички премини,  Кременица - Неа Кафкасос и Гевгелија - Идомени. Имено со овие Спогодби се предлага спроведувањето на граничните процедури на полицијата и царината, и другиоте инспекциските служби да се вршат од едно место и тоа на преминот Гевгелија-Идомени, со заедничка гранична зграда во Гевгелија, а на граничниот премин Кременица -Неа Кафкасос, со заедничка гранична зграда во Неа Кафкасос.

Тоа ќе придонесе за олеснување и забрзување на транспортот на стока и патници меѓу двете земји. Предлог текстот на двете Спогодби е доставен до Вашето надлежно Министерство и очекуваме во најскоро време да се пристапи кон потпишување на истите”, истакна министерот Сугарески.

На средбата, министерот  го отвори и прашањето за зголемување на квотите на  транспортните дозволи за превоз на стока.

Министерот Сугарески се заблагодари на поддршката што ја овозможува Владата на Република Грција и побара како земја членка на Европската Унија,  Грција да ги поддржи напорите на нашата држава за зголемување на Европските фондови за реализација на капиталните инвестиции во Република Северна Македонија.

За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube