Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Средба Сугарески - Баздникин: Се разгледува можноста за зголемување на квотите за транспортни дозволи
10.10.2019

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески оствари работна средба со Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Сергеј Баздникин.

На средбата се разговараше за капиталните проекти кои во моментов се реализираат во Република Северна Македонија, како и планираните инвестиции во изградба на инфраструктурата во државата што ќе се реализираат во периодот што следува.

„Оваа средба беше одлична можност да го запознаам Амбасадорот со крупните капитални проекти кои ги реализираме во нашата држава. Посебен фокус ставивме на изградбата и модернизацијата на патната мрежа на Коридор 8 и 10, процесот на гасификација на државата, како и железничкото поврзување кон Бугарија. Изградбата на железницата долж Коридорот 8 кон соседна Бугарија е од особено значење за зголемување на економската соработка со Русија, затоа што тоа овозможува железничка поврзаност и со оваа земја“ – изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Во текот на средбата, исто така се разговараше и за можноста за зголемување на квотите за транспортни дозволи, како и за можноста за воспоставување на директна авиолинија помеѓу нашата земја и Руската Федерација.

„За потребите на македонските превозници, нашата држава е заинтересирана за зголемување на квотата на дозволи за билатерален и транзитен превоз на стока, како и на дозволите за и од трета земја, со што би се интензивирала економската соработка“ – истакна министерот Сугарески.

Министерот Горан Сугарески нагласи дека нашата држава се наоѓа во силен инвестициски циклус кој ќе продолжи и во текот на следната година и ги покани руските заинтересирани компании да се пријават на јавните повици.

На средбата министерот се заблагодари за досегашната соработка со Руската Федерација и ја нагласи потребата од одржување и продлабочување на долгогодишното пријателство.

Во таа насока, на 14-ти и 15-ти ноември во Охрид, ќе се одржи Седница на Македонско-Руската комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка, како и Бизнис Форум на кои би се разговарало за унапредување на сите видови транспорт и создавање на услови за зголемена економска размена меѓу двете земји.

 



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube