Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Средба Николоски-Варнс: Создавање на модерна инфраструктура е приоритет за Македонија и регионот
20.08.2024

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со заменик амбасадорката на САД, Никол Варнс.

На средбата министерот Николоски ја потенцира одличната соработка меѓу двете земји и ја нагласи стратешката определба на Владата во насока на зајакнување на билатералната соработка со САД како наш најзначаен партнер и поддржувач.

Министерот Николоски информираше за реформските процеси и приоритетите на Владата и Министерството за транспорт како клучни за подобрување на животниот стандард, економскиот раст и борбата против корупцијата за што беше  нагласена и силната поддршка на страна на САД.


На средбата се отворија и прашања за развој на инфраструктурата за што министерот Николоски ја истакна огромната важност во исполнување на владните цели  за реализација на капиталните проекти, како предуслов за побрз економски раст и развој и подобро регионално поврзување и интеграција. Се разговараше и за проектите што се планирани во идниот период, засилената динамика во работењето на коридорите 8 и 10. 

Министерот разговараше и за проектите во железничкиот сектор, проектот за брзата железница како еден од поважните стратешки проекти.

Министерот Николоски ја истакна и стратешката определба на земјата за членство во Европската унија како и континуираниот придонес на Македонија во зајакнување на односите во НАТО Алијансата. 

Двајцата соговорници се согласија на интензивирање на соработката меѓу двете земји.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube