Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Следната недела ќе се распише јавен повик за распределба на 37 социјални станови во Струмица
31.01.2019

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, Кристијан Трајковски и градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, денеска извршија увид во завршената станбена зграда за социјално ранливи категории на граѓани во Струмица.

Министерот Сугарески најави дека во текот на следната недела Министерството за транспорт и врски ќе распише јавен повик за распределба на 37 станови за најранливите групи на граѓани во Струмица.

„Владата посветува особено внимание на ранливите категории на граѓани и заеднички работиме и правиме сѐ што е во рамките на нашите можности и надлежности за да им обезбедиме подобар живот.

Согласно критериумите, на јавниот повик ќе можат да се јават само социјално загрозени лица и тоа:  деца без родители, корисници на социјална помош, лица погодени од елементарни непогоди, инвалидни лица, самохрани родители со малолетни деца, слепи лица корисници на социјална помош и припадници на Ромската заедница кои се социјално загрозени.

Огласот ќе трае 30 дена, а сите документи ќе можат да се достават до Центарот за социјални работи во Струмица“ – изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, Кристијан Трајковски истакна дека зградата ги задоволува сите енергетски стандарди и најави дека во тек се повеќе проекти од овој тип.

„Очекуваме во многу скоро време да биде ставена во употреба и зградата во Гостивар, а исто така веќе имаме започнато и со постапка за избор на Изведувач на зграда со 312 стана во општина Бутел. Очекуваме на почетокот на февруари договорот да биде потпишан и да започне изградбата.

Паралелно работиме на подготовка за проектирање на вакви згради на 5 локации низ Македонија, а во постапка за избор на Изведувач се и проектите за изградба на социјални станови во Пробишип и Неготино“ – изјави директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, Кристијан Трајковски.

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски нагласи дека Општината е партнер на сите проекти што ги реализира Владата.

 „Покрај оваа зграда наменета за социјално ранливи категории на граѓани, која е изградена од страна на државата, работиме и на неколку други проекти со кои имаме за цел да го подобриме животот на нашите граѓани, како што се изградбата на градинки, канализациони и водоводни системи и слични проекти“ – изјави градоначалникот на општина  Струмица, Коста Јаневски.

Досега во земјава изградени се 17 станбени згради со вкупно 772 социјални стана наменети за ранливите категории на граѓани. 



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube