Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Се санира свлечиштето Маркова Нога
10.06.2020

„Интензивно работиме на подготовка на инфраструктурата за што поскоро отворање на граничниот премин Маркова Нога. Во моментов го санираме свлечиштето на  регионалниот пат Макази – Маркова Нога, со што обезбедуваме поголема безбедност на граѓаните и туристите и подобри услови за интензивирање на прекуграничната соработка“, истакнаа министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов при увидот во санација на свлечиштето Маркова Нога.

Проектот е со вредност од околу 1,8 милиони евра, а предвидена е санација во должина од 250 метри.

„Нашата Влада и Владата на Република Грција интензивно работат на заедничко отворање на граничниот премин Маркова Нога. Со санација на свлечиштето создаваме услови за тоа што поскоро да се реализира.  Досега се одржаа неколку работни состаноци и како што сум информиран патот од грчката страна е веќе тампониран, а ние интензивно работиме на уредување на патната инфраструктура од наша страна. Средствата за изградба и реконструкција на граничниот премин се веќе обезбедени преку Програмата за прекугранична соработка и во моментов работиме на обезбедување на техничките услови и изградба на квалитетна инфраструктура, со цел да овозможиме поинтензивна соработка меѓу пограничните општини и услови за локален економски раст и развој на туризмот. Сакам да нагласам дека ваквите проекти се од бенефит за двете држави и овозможуваат подобрување на условите за живот во пограничните региони, но и продлабочување на пријателските односи меѓу земјите“ – изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов истакна дека градежните работи за санација на свлечиштето се одвиваат во неколку фази и со овој проект значително се зголемува безбедноста на патот и функционалноста на сообраќајот на делницата од Макази до Маркова Нога.

„Изминатата година, со комплетна рехабилитација и поставување на нов асфалт на делницата од раскрсницата до Ресен, решивме еден горлив проблем на граѓаните на општината. Но не застанавме тука. Инвестициите во патната инфраструктура во овој регион продолжуваат, а безбедноста на граѓаните е наш приоритет. Во моментов, покрај санација на свлечиштето, во тек е проектирање на Обиколница на Ресен, со што ќе го решиме движењето на товарните возила низ градот и во голема мера ќе придонесеме за зголемување на безбедноста на жителите на околните места и сите учесници во сообраќајот“ - изјави директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов.

Градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски истакна дека подобрувањето на инфраструктурата ќе придонесе за поголема безбедност на граѓаните и локален економски раст.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube