Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Распределени становите во социјалната зграда во Свети Николе
21.12.2022

Министерството за транспорт и врски денеска изврши прелиминарна распределба на социјалната зграда во Свети Николе.

 

Право на учество на јавниот повик за распределба имаа деца без родители или родителска грижа, со навршени 18 години кои до исполнување на полнолетство биле згрижени во институции за деца без родители, корисници на право на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни непогоди, лица со попреченост и семејства со лица со попреченост, социјално загрозени лица - припадници на Ромска заедница и самохрани родители со малолетни деца.

 

“Драго ми што придонесуваме за подобар живот на граѓните, за похумани услови и веќе резултати се видливи насекаде низ државата. Тоа е наша обврска, а среќни граѓани е мотивација повеќе да работиме на подобрување на животниот стандард  и подобра иднина за сите.  Денеска сме овде во Свети Николе, да помогнеме исто така на ранливи категории граѓани кои немаат сопствен дом, да пружиме грижа и да им дадеме поддршка, особено во овие тешки времиња кога сите ги чувствуваме последиците од светските кризи”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

 

По извршената прелиминарна распределба, Комисијата за станбени прашања на терен ќе изврши веродостојност на доставената документација и фактичката состојба. Конечната листа на семејства што ќе добијат социјални станови ќе биде утврдена по завршувањето на теренскиот увид.

 

“Зградата е со вкупно 48 станбени единици со исто толку подруми. Становите се големина од 35 до 47 метри квадратни. Вкупната инвестиција е 84 милиони денари. Објектот се состои од призмеје, четири катоа и поткровје”, истакна директорот на АД за стопаниување со станбен и деловен простор Зоран Ѓеоргијев.

 

Во Буџетот за 2023 година предвидени се 2,2 милиони евра за изградба на социјални станови. Само оваа година распределени се четири социјални згради и тоа во Гостивар, Виница, Пробиштип и Свети Николе.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube