Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Пуштен е во употреба 110 кV далекувод „ТС Штип-ТС Овче поле“
17.03.2022

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и генералниот директор на АД МЕПСО, денеска во Штип го пуштија во употреба новиот 110 kV далекувод кој ги поврзува трансформаторските станици Штип и Овче поле. На постојната траса на 110 кV далекувод кој датира од 1960 година, изграден е нов линиски електроенергетски објект, 55 армирано-бетонски столбови се заменети со челично решеткасти а старата опрема е целосно заменета со нови проводници, заштитно јаже и изолатори.

„Ја продолжуваме нашата посветена работа за реализација на ветените проекти и инвестиции во енергетската инфраструктура, затоа што нова и модернизирана преносна мрежа значи зголемен капацитет и доверливост на  мрежата во источниот регион на државата, значи инвестирање во подобар животен стандард и развој на економијата“, рече во оваа прилика генералниот директор на АД МЕПСО Орхан Муртезани.

Потенцирајќи ја важноста на ваквите проекти  во создавањето погоден инфраструктурен амбиент за инвеститорите министерот за транспорт и врски Благој Бочварски рече:

„Инвестициите во преносната мрежа од ваков тип, значат спроведување на стратешките цели за транзиција на производството на електрична енергија од јаглен кон обновливи извори на енергија. Токму на овој далековод ќе се приклучи ВЕЦ “Богословец” со инсталирана моќност од 36 MW. Ова е уште еден пример како во услови на енергетска, здравствена и светска криза, преку подобрување на електроепреносната инфраструктура, ги подобруваме условите за водење на бизнис во земјата.“

Инвестицијата за изградбата на овој капитален инфраструктурен проект изнесува 1,41 милиони евра, во него АД МЕПСО вложи сопствени средства и истиот е поддржан со средства од заем на ЕБОР. Изведувач на работите за изградба на далекуводот беше конзорциум на компаниите Кодар Енергомонтажа и Електроисток Изградња од Р. Србија, а надзорот го вршеше домашната компанија “ Столб” од Битола.

Овој далекувод е дел од проектот за ревитализација на преносната мрежа на АД МЕПСО што опфаќа реконструкција/изградба на вкупно шест 110 кV далекуводи, од кои два се во целост завршени и пуштени во работа, а другите се во одредени фази од реализацијата. Со овој инвестициски циклус ќе бидат изградени над 130 километри далекуводи и ќе се инвестираат над 15,7 милиони евра, дел од кредитната линија на ЕБОР и дел средства на АД МЕПСО.

извор: mepso.com.mk



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube