Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Промовирана нова авио линија Малме-Охрид
18.03.2019

Минстерот за транспорт и врски Горан Сугарески и координаторот за операции во ТАВ Македонија, Неџат Курт, присуствуваа на промоција на првата авио линија Малме - Охрид на аеродромот Св. Апостол Павле- Охрид. 

Во своето обраќање министерот Сугарески истакна дека оваа линија е дел од договорот за финансиска поддршка меѓу Министерството за транспорт и врски и Визер, што беше потпишан во месец Јануари годинава за воведување на нови авиолинии. 

“Сакам да најавам дека овој месец ќе се воведат четири нови дестинации и тоа: две дестинации од Охридскиот аеродорм, оваа линија што денеска ја промовираме од Малме, како и уште една кон Милано. Визер најави дека ќе воведе вкупно 8 нови линии. Очекувам дека вака поставените политики ќе ги оправда нашите очекувања и ќе го зголеми бројот на туристи, а воедно ќе овозможи нови европски дестинации за граѓаните. Веќе ги имаме првите резултати кои покажуваат зголемување на бројот на патници во првите два месеци од годинава и тоа за 4,2 проценти вкупно на двата аеродроми или за 46 проценти повеќе само на Охридскиот аеродрм, споредено со минатата година која пак знаете беше рекордна година. Очекувам дека таквот тренд на зголемување на бројот на патници дополнително ќе го има и во наредниот период, со оглед на новите линии од Визер”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.   

Министерот Сугарески потенцираше дека предвидени се 312 милиони денари за период од 2019 до 2022 година за финансиска поддршка за нови авиолинии.

Координаторот за операции при ТАВ Македонија, Неџат Курт истакна дека веќе од утре започнува да оперира линијата Охрид-Милано, а овој месец од Скопје ќе се воведат линиите кон Баден Баден и Бремен.

Министерството за транспорт и врски потпиша договор со авиокомпанијата Визер за финансиска поддршка за воведување нови авиолинии, која беше избрана на јавен повик.

Според договорот, во месец март авиокомпанијата Визер ќе воведе нови линии од Охрид кон Малме и Милано а во месец јули кон Дортмунд и Мемингем. Од Маѓународниот аеродром Скопје, во месец март ќе се воспостават линиите кон Бремен и Баден Баден, веќе од следниот месец и кон Турку ( Финска)  и Ларнака (Кипар).



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube