Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Продолжуваат инвестициите во патната инфраструктура на Југоистокот
21.08.2019

„Инвестираме 1,3 милиони евра во рехабилитација на регионалниот пат Фурка - Богданци – Гевгелија и 1 милион евра за реконструкција на патот Смоквица – Прдејци, со што решаваме еден од најголемите проблеми на жителите во овој регион “, истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески при денешната посета на општина Богданци.

Тој, заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов,  градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков и градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов, направија обиколка на инфраструктурните проекти што државата ги реализира во овој регион.

Во изјава за медиумите, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески истакна:

„Покрај овие проекти, завршивме со рехабилитација и на неколку други регионални патишта,  генерално работиме на подобрување на целокупната патна мрежа во регионот. 

Она што е особено важно е дека ќе ја реконструираме делницата на автопатот од Гевгелија до граница и практично тоа е делот што недостасува за да имаме комплетно модернизиран автопат на Коридорот 10. Унапредувањето на инфраструктурата во државата и понатаму останува стратешки приоритет на Владата. Во таа насока продолжуваме со оние крупни инвестиции што ги најавивме: рехабилитирање на преку 400 км патишта, гасификација на земјата, изградба на железницата и подобрување на комуналната мрежа“, изјави министерот.

Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов истакна дека ова е еден од најоштетените патишта во државата, кој околу 50 години не бил реконструиран.

„Во овој регион го завршивме и патот од Гевгелија до Негорци, а на барање на граѓаните ќе го реконструираме и прошириме делот од Богородица до Богданци и ќе ја реконструираме обиколницата на Богданци. Проектната документација за овие проекти е во тек и веднаш по нејзиното завршување, некаде во септември, ќе бидат распишани јавни повици за избор на Изведувач и ќе се започне со градежните работи. Во периодот што следува, по завршувањето на туристичката сезона, планираме со отпочнување на уште два проекти, а тоа е рехабилитација на патот од Стар Дојран до граница и од Раброво кон Фурка“– изјави директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов. 

Директорот Китанов додаде дека за само година и 2 месеци почна првото пробно асфалтирање на експресниот пат Штип - Радовиш, отпочнати се и работите од  Крупиште до Кочани, а привршува изградбата на делницата од Штип до Крупиште.

Градоначалниците на Богданци и Гевгелија истакнаа дека унапредувањето на патната инфраструктура е од особено значење за граѓаните и за економски развој на регионот.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube