Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Превозот на патници со задолжително растојание од два метри и 50 проценти од вкупниот број на седишта.
17.04.2020

Министерството за транспорт и врски во континуитет презема мерки и активности за одвивање на превозот на стока и патници во внатрешниот сообраќај како и транспорт на стока во меѓународниот сообраќај во услови на вонредната состојба. 

Заради заштита на јавното здравје на граѓаните, а како резултат на преземање на мерки за спречување на ширење на коронавирусот, на предлог на Министерството за транспорт и врски, Владата на Република Северна Македонија на последната седница донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба.

Со оваа Уредба со законска сила, прецизно се уредува начинот на превоз на патници во внатрешниот сообраќај во услови на траење на вонредната состојба и истата гласи: При вршење на јавниот превоз на патници, за време на траење на вонредната состојба, превозникот во возилото е должен да го организира превозот со задолжително одржување на растојание од најмалку два метри меѓу патниците и може да има најмногу 50 проценти патници од вкупниот број на седишта, несметајќи го седиштето на возачот.

Имено сакаме да појасниме, до пред донесување на Уредбата, оваа мерка беше во вид на препорака за сите кои вршат превоз на патници. 

Во наредниот период, се до траење на вонредната состојба, Уредбата за организација на начинот на превозот има сила на Закон и сите кои вршат превоз на патници мора да го организираат превозот на начин кој е пропишан во споменатата Уредба.

Потенцираме дека носењето на оваа Уредба има за цел да се заштити здравјето на граѓаните и да се влијае на спречување на ширење на коронавирусот.  Министерството за транспорт и врски и другите надлежни институции се во постојана комуникација и координација со транспортните здруженија и навремено се преземаат мерки и препораки  за да се обезбеди непречено фукционирање на транспортот на стока и превозот на патници.

За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube