Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Преку 610 милиони евра инвестиции во инфраструктурата во Охридско-Струшкиот регион
12.03.2020

Во моментов во Охридско-Струшкиот регион се реализираат крупни инвестиции за изградба и модернизација на патната и комуналната инфраструктура, со вкупна вредност од околу 613 милиони евра, истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески при денешната посета на општина Вевчани.

Тој заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов и градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски извршиja увид во рехабилитацијата на регионалниот пат Вевчани-Октиси кон граничниот премин Ќафасан.

Патниот правец е дел од програмата на ЈП за државни патишта за 2019 година. Рехабилитацијата е започната минатата година во должина од 8 километри, а вредноста на инвестицијата изнесува 670 илјади евра.

„Покрај реализацијата на веќе започнатите проекти, годинава планираме значително да го подигнеме нивото на капиталните инвестиции за што предвидовме нови проекти за подобрување на целокупната инфраструктура во државата. Покрај изградбата на автопатот Кичево-Охрид како најкрупна инвестиција, во тек се рехабилитации на повеќе патни правци во овој регион, а во текот на следниот период започнуваме со нови рехабилитации како на пример патните правци Охрид – Свети Наум, Струга – Ќафасан и други. Сакам да нагласам дека од голема важност е истовремено да работиме и на подобрување на локалните патишта и улици. За таа цел, преку Министерството за транспорт и врски како дел од проектот за локални патишта, општина Вевчани доби на располагање преку 540 илјади евра, а општините Охрид и Струга над 1 милион евра кои се наменети исклучиво за реконструкција на санација на локалните патишта и улици. Во делот на комуналната инфраструктура во тек е изградба на канализационата мрежа во повеќе населени места во Струга, а следнава недела ќе го потпишеме и договорот за реконструкција и изградба на водоводна и канализациона мрежа на улицата Абас Емин во Охрид“ – изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Според директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов, градежните работи на регионалниот пат Вевчани - Октиси се очекува да бидат завршени до крајот на месецот, а исто така најави дека оваа година  се започнува со рехабилитација и на патниот правец Струга – Ќафасан.

„ Во меѓувреме се работи и на рехабилитации на патните правци Струга – Мислодежда и Мислодежда–Збажди. Исто така ја завршивме рехабилитацијата на патот Бороец – Јабланица каде следува санација на свлечиштето, а денес заврши и изградбата на патот на потегот фабрика Вевчанка – Здравствен дом Вевчани, со што слободно можам да кажам дека во овој Струшко-Вевчански регион се работи на подобрување на патната мрежа како никогаш досега. Минатата година рехабилитиравме вкупно 500 километри патишта во државата, во моментов се работи на околу 100 километри рехабилитации започнати од есента минатата година, а се објавуваат тендери за рехабилитација на уште 465 километри патна мрежа. За патниот правец Струга-Ќафасан тендерот ќе биде објавен за дваесетина дена и веднаш потоа ќе почне да се работи“ – изјави директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов.

На новинарско прашање во однос на автопатот Кичево-Охрид, директорот Китанов истакна дека очекува до почетокот на летната сезона да бидат пуштени 5 километри од двете страни на автопатот од Охрид кон Струга, а до крајот на годината да бидат пуштени во употреба околу 15 километри од автопатот.

Градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски изјави дека после 15 години државата за прв пат инвестира во подобрување на патната мрежа во Вевчанскиот крај, што е од огромно значење како за квалитетот на живот на граѓаните, така и за поттикнување на туризмот и овозможување на локалниот економски развој.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube