Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Преку 60 милиони евра инвестираме во кумановско-липковскиот регион во патишта, железници и водоводи.
27.05.2019

Унапредувањето на инфраструктурата во Куманово е висок приоритет на Владата.  Овде поминуваат европските Коридори 8 и 10 и затоа е многу важно инвестициите во инфраструктурата да ги фокусираме во Кумановско за да овозможиме економски развој на овој регион но и подобрување на условите за живот на граѓаните, истакна министерот Сугарески при денешната посета во општина Куманово.

Тој заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за животна средина, Садула Дураку, градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов извршија увид во реконструкција на регионалниот пат Куманово-Опае.

“Оваа година речиси сите регионални патишта во Куманово се реконструираат и тоа кон Свети Николе, кон Опае кај што сме и денеска, кон Никуштак, кон Крива Паланка. Изградбата на пругата и железничкото поврзување со Бугарија исто така е врвен приоритет на Владата. Ја засиливме изградбата на пругата од Куманово до Бељаковце и очекувам  оваа година таа да биде завршена.  Почеток на следната година очекуваме да отпочне изградбата и од Бељаковце до Крива Паланка. Посебно важно да напоменам дека инвестираме преку 4 милиони евра само во комуналната инфраструктура, во подобрувње на водоснабдувањето во Куманово и Липково”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Сете овие се големи капитални инвестиции за државата и за граѓаните на кумановскиот регион и уверувам со исто такво темпо ќе продолжиме насекаде низ државата, истакна Сугарески.

Според директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов, во Куманово се реконструираат  112 километри патишта.

“Патниот правец Куманово-Опае ќе се заврши за три месеци, од следната недела ќе започнеме со реконструкција на патниот правец Куманово –Никуштак, патот Куманово -Пелинце се заврши, завршени се и 10 километри од патниот правец Куманово- Свети Николе, веќе се работи на вертикална и хоризонтална сигнализација. Од наесен почнуваме со патот Куманово- Страцин-Крива Паланка и најважно од се ќе го реконструираме Искрениот мост за кој тендерот ќе го распишеме за една недела, инвестиција од 2,5 милиони евра. Со сите овие инвестици, сите патишта во кумановскиот регион комплетно ќе бидат реконструирани и Куманово ќе добие нови и безбедни патишта”, изјави Зоран Китанов, директор на ЈП за државни патишта.

Градоначалникот на општина Куманово истакна дека овие капитални инвестиции се многу значајни за цел Југоситочен регион.

“Тие се многу значајни за нас за развивање на една добра и сериозна инфраструктура бидејќи сегашната инфраструктура потекнува од шеесетите години и на Куманово и на регионот ова му е повеќе од потребно”, потенцираше градоначалникот Димитриевски.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube