Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Потпишување на договор за "Брз превоз во Скопје"
21.04.2021
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска присуствуваше на потпишувањето на Договорот за проектот "Брз превоз за Скопје" со кој ќе се овозможи брз, економичен и поефикасен превоз во Град Скопје. 

Договорот за заемот го потпишаа министерот за финансии, Фатмир Бесими, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и директорот на канцеларијата на ЕБОР во Скопје, Анди Аранитаси. 

Заемот е во вредност од 70 милиони евра со кој ќе се изгарди две брзи автобуски траси и тоа  Исток - Центар - Запад“ како и „Југ – Центар- Север. Министерството за транспорт и врски дава техничка и финансиска поддршка на Град Скопје во реализација на овој проект. 

Во продолжение интегралниот текст од обраќањето на министерот Бочварски: 

 

"Благодарам на поканата што денеска сум дел од потпишувањето на Договорот за овој значаен проект за Скопје и жителите на Скопје и драго ми е што Министерството за транспорт и врски има можност да даде поддршка за реализација на овој нов концепт за побрз и побезбеден транспорт низ градот.

Одлика на секој град- метропола е да има добра и развиена транспортна мрежа која нуди брз и ефикасен превоз меѓу сите точки на движење. Скопје го заслужува тоа.

Развојот на градот во демографска смисла, во социоекономска и просторна,  ја наметнува потребата од воведување на нови сообраќајно-транспортни решенија кои ќе овозможат  поефикасен транспорт за граѓаните.

Проектот брз автобуски превоз во Град Скопје е нов градски сообраќаен систем преку кој ја подобруваме ефикасноста и економичноста на транспортната мрежа. 

Во исто време со набавка на новите еколошките автобуси го намалуваме и влијанието на транспортот врз животната средина и тоа што е најважно за сите, се обезбедува квалитетен, брз и безбеден транспорт. 

Министерство за транспорт и врски во соработка со Град Скопје ќе обезбеди соодветна инфраструктура преку која овој концепт на транспорт ќе влијае врз подобрување на условите за живот на граѓаните.

Со реализацијата на овој проект се подобрува квалитетот на превозните услуги за сите граѓани во правец „исток - центар - запад“ како и „југ – центар- север“, како и за лицата со посебни потреби.

 

Исто така, имајќи го предвид фактот дека најголем удел во вкупниот број на возила што сообраќаат низ градот се патнички возила и тоа околу 80 проценти, овој нов концепт на транспорт ќе има влијание врз намалување на употребата на возилата како и намалување на загадувањето.  

Проектот е вреден 70 милиони евра, средства што ќе се користат во две транши и тоа за линијата 1 и линијата 2.

Средствата ќе се користат за проектирање и изградба на:

  • патните коридори,
  • за реконструкција на булеварите во Градот
  • за изградба на автобуски постојки,
  • за изградба на две депоа вклучувајќи и административна зграда
  • како и за набавка на нови нископодни автобуси кои работат на компримиран природен гас

Министерството за транспорт и врски со својата поддршка ќе овозможи навремена реализација на овој проект за кој сите веруваме дека ќе се зголеми квалитетот на јавниот градски превоз на патници а со тоа и квалитетот на живот.

Во меѓувреме во Министерството работиме и на нова студија за развој на урбаниот транспорт во Скопје, како нов концеп кој треба да обезбеди  пристапни опции за транспорт за сите граѓани, безбедност во рамките на целокупниот транспортен систем и мобилност од врата до врата.

На крај сакам да упатам честитки до потписниците, останува целосно да се посветиме на реализација на овој проект и бенефитот да го почуствуваат сите граѓани на Скопје", изјави министерот Бочварски. 



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube