Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Потпишан договорот со ИРД Инженеринг за Надзор за изградба на патниот Коридор 8
02.02.2023

Директорот на ЈП за државни патишта и директорот на ИРД Инженеринг го потпишаа договорот за консултантски услуги и Надзор за изградба на патниот Коридор 8. На потпишувањето покрај директорите на овие институции, присуствуваа и претседателот на Владата Димитар Ковачевски,  првиот заменик претседател на Владата Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи. 

Во своето обраќање министерот Бочварски го истакна значењето на овој важен Договор за отпочнување на постапката за изградба на автопатските делници на Коридор 8. 

Во продолжение интегралното обраќање на министерот Бочаврски: 


"Денешниот договор е само чекор поблиску до изградба на модерна и квалитетна патна инфраструктура на Коридорите 8 и 10-Д.

Покажуваме дека инфраструктурата е врвен приоритет на оваа Влада, а потпишувањето на овој договорот е уште еден доказ дека Република Северна Македонија останува на вистинскиот правец за европска модерна држава.

Од денеска па во наредниот период, работната група во соработка со Консултантот кој истовремено е и Надзор, ќе го започнат преговарачкиот процес со Изведувачот Бехтел и Енка со цел да се постигне квалитетен договор за изградба на преку 120 километри нови автопатски делници на Коридор 8 и Коридор 10 д.

Имено како што веќе информиравме нашите стратешки планови се изградба на автопатските делници:

  • Требеништа – Струга – Ќафасан во должинна од            22,5 km
  • Гостивар – Букојчани                                                     30,1 km
  • Тетово – Гостивар                                                          27  km
  • делницата Прилеп – Битола                                           43,4 km

Веќе напролет очекуваме да ја започнаме силната градежна офанзива за изградба на западниот дел на Коридор 8.  

Во буџетот на министерството за транспорт и врски веќе се предвидени 15 милијарди денари или 244 милиони евра.

Очекувам добро менаџирање на процесите и со заеднички сили да продолжиме во изградба и модернизација на патната инфраструктура во државата.

Ако минатата 2022 година имавме рекордно ниво на реализација на капиталните инвестиции, оваа година планираме тоа ниво да го подигнеме преку реализација на најкрупните инвестиции од независноста на државата.  

Нека е со среќа потпишувањето на овој договор и очекувам во наредниот период повторно да се собереме сите во овој состав и да  го означиме почетокот на градежните работи на еден од најголемите проекти во земјата".



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube